Боли глава

Кошничка со целофан за Паско

Меѓу подароците што Груевски ги доби од Папандреу во Преспа, последниот, најубаво спакуваниот, во кошничка со целофан, дознаваме дека бил за Паско Кузман. Во посветата пишувало: „За сè што направи за да ја засили грчката позиција за името, на драгиот Паско од грчкиот народ“.

Васко Попетревски, „Дневник“, 30.11.09

01.12 2009
Балканска ѓулбавча

Оваа земја по независноста требаше и можеше да биде една балканска ѓулбавча, а благодарение на сите власти до една, и на левиот Ојле и на десниот Дојле се претвори во транзициска „Казабланка“ на 21. век.

Томислав Османли, писател, „Дневник“, 30.11.09

30.11 2009
Аргументи

Неименуваните македонски „интелектуалци“ апелираат „да се спречи геноцидот, кој на индиректен начин, во континуитет, се врши врз македонскиот народ“, тврдејќи дека „Денес македонскиот народ е пред присилно истребување.“ Зошто секогаш последен дознавам? Што не кажувате вакви работи, дека сме загрозен вид? Шегата настрана, апелот ме потсети на оценката на Тодор Петров дека „Барањето на Атина и притисокот на Европската Унија за промена на државното име Македонија претставува геноцид врз македонскиот народ и злосторство врз човештвото!“ Ваквите „аргументи“, со кои се подгрева атмосфера на непријателство кон ЕУ и Грција (вклучително и енциклопедиските бисери дека имало елементи на геноцид во конфликтот од 2001 г.), само го влошуваат имиџот на Македонија како држава во која „човековите права“ се злоупотребуваат како инструмент за етнонационалистички манипулации.
Жарко Трајаноски, „Дневник“, 25.11.09

26.11 2009
Ослободување

Треба да ги ослободиме нашите умови од македонскиот национализам, кој не е својствен само за владејачката партија, туку е во срцата и душите на Македонците и на многу други партии. Треба ревизија на идејата за поделена татковина која, за разлика од сега, некогаш кога во војни се цртале и прецртувале граници и имала реална основа да биде остварена. Негувањето на таквиот национализам денес е само една обична манипулација со луѓето и рецепт за судир, не само со Грците туку и со сите народи во Европа. Почетен чекор кон таа националистичка деконтаминација нека биде националистичката партија да даде пример и да го смени името ВМРО. Со тие зборови извадени од историјата предолго се манипулира со чувствата на Македонците. Мене кованицата ВМРО денес ми изгледа како балсамирано тело ставено во ковчег пред кое луѓето во страв се поклонуваат. За нашите гласови треба да се натпреваруваат модерни партии - конзервативна, социјалдемократска, либерална, селанска... Дали е можно? На крајот, ако сакаме да не прифатат во Европа, тоа ќе мора да се случи - деконтаминација на македонското општество од митологии што нè вознемируваат и нас и соседите.

Денко Малески, „Дневник“, 21.11.09

23.11 2009
Четиво

Сега гледам дека и Вие (се мисли на Никола Груевски, ур. заб.) и тие сте останале на она исто четиво што толку многу ве воодушевуваше сите вас кога го делевте под рака за време на политичките академии на ДПМНЕ. Тогаш расположените југенд, а сегашни парламентарци, министри, директори, градоначалници, советници, воодушевено ми зборуваа (мене лично!) за фантастичните пораки и методи што ги содржи книгата. Добро знаете на која книга мислам: Меин кампф од Адолф.
Гордан Георгиев, „Утрински весник“, 20.11.09

21.11 2009
Собирно сечило на небесниот народ

Ние не го изгубивме патријархот Павле, туку добивме уште еден застапник и молител пред Господ. И тоа таков кој претставува собирно сечило на сите Срби, кои неволно се посеани од Господа овде и насекаде....

Богољуб Шијаковиќ, e-novine, 18.11.09

19.11 2009
Контрола

Постои масовен план за уништување на човештвото, а делови од тој план се различните епидемии и зарази. Самата вакцина против свинскиот грип, која сега предизвикува масовна хистерија, во себе има микрочип со кој сакаат да нè контролираат.
фра Буструк, хрватски свештеник, при миса, 12.11.09, „Јутарњи лист“

16.11 2009
Што ако...

Има печатени медиуми кои велат дека државата и црквата се одвоени едни од други. Така стои во уставот, така вели и законот за правна положба и црква. А јас ќе кажам: а што ќе беше ако не беше македонската православна црква? Затоа ветувам како државен орган дека се што ќе биде активност на МПЦ државата ќе стои зад неа.

Валентина Божиновска, претседател на Комисијата за верски заедници, 12.11.09

14.11 2009

Зошто МПЦ сè уште за некои е забавно катче и мета за отстрел? За чии интерес и интереси се прави тоа, и дали тоа антицрковното е само антицрковно? И дали се случајни оние собирачи на потписи и анкетари? И дали се случајни веќе препознатливите егзарси и надвор од црквата? Зашто очигледно некому му беа потребни нечие зајдисонце или изгрев и градскиот плоштад и некакви ветерници и уште што не...

изјава за новинари на архиепископот на МПЦ, господин Стефан, 12.11.09

13.11 2009
1
Smart power

Денес дојде време да имаме нешто што би го дефинирале како „smart power“. Тоа го покажа нашиот регион. Направете само една обична анализа и ќе видите дека претседателот на Словенија е доктор на науки, претседателот на Албанија е доктор на науки, претседателот на Србија е доктор на науки, претседателот на Бугарија е доктор на науки, а и јас сум доктор на науки.

Ѓорѓе Иванов, Утрински весник,11.11.09

13.11 2009

Македонија нема море, но дали е Спарта. Светот сега се смени. Морето сега е Интернетот и авиосообраќајот. Ние долги години имавме скап Интернет и најскап авиосообраќај. Сега тоа се менува.
Ѓорѓе Иванов, Утрински весник,11.11. 09.

12.11 2009
1

Сите анализи се направени, ништо друго и попаментно не остана да се каже. Останува медицинското и педагошко прашање: Како да му се пријде? Како да му влезе (тоа сознание дека токму тој ќе го смени името), а тој да се почувствува горд од тоа? Како дршката од метлата на меѓународниот притисок да му навлезе, а тој да се почувствува „гордо исправен“ од тоа, имено да стои простум пред непокорот на македонскиот народ.

Љубомир Д. Фрчкоски, „Дневник“, 10.11.09

11.11 2009
1
Све

Зедов четири брода за сунетот на внукот зашто немав више што. Све сум направил, сум земал и хеликоптери и авиони...

Амди Бајрам, пратеник

10.11 2009
Музеј и институт

Еве им го новиот Музеј на ВМРО, во него нека го сместат Институтот и нека ги спојат духот на ВМРО со албанското духовно наследство, како пример на кохабитација.

Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина „Карпош“.

09.11 2009

Препорачуваме

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

ОкоБоли главаВицФото