Од диктатура до демократија

01.04.2011 15:17
Од диктатура до демократија

Рецептот за победа на опозицијата на претстојните предвремени избори е јасен: колку што е можно поширок фронт, принципиелно и стратешки здружен против власта. Широк фронт во прв ред е потребен за евидентното незадоволство од политиките на актуелниот режим да може конструктивно да се артикулира. Сега тоа не е случај; според истражувањата, над 60% од граѓаните се незадоволни од политиките на владата и сметаат дека земјата оди во погрешна насока; но, барем половината од тие луѓе во моментов не знае дали ќе излезе на избори и дали ќе гласа за опозицијата. Шанса да се придобијат нерешителните граѓани е веродостојноста на еден широк опозициски фронт кој ќе знае не само да го собори забеганиов режим, туку ќе знае земјата да ја извлече од сегашниов ужас.

Широк фронт против актуелново лудило е потребен и од низа други причини. Длабочината на падот на земјата до тој степен е алармантна што навистина е потребна широка општествена мобилизација, не само партиска. СДСМ ниту има доволно човечки капацитети наполно да ја преземе одговорноста за судбината на Република Македонија (одговорност која како приоритет го подразбира и расчистувањето на криминалите на груевизмот), ниту има доволно политичка сила за темелно менување на општеството. Доколку СДСМ не успее да обезбеди поширок општествен консензус околу новите главни стратешки насоки, тогаш дури и тесната победа на изборите може да се покаже како Пирова и привремена. Оти, рековме, длабочината на падот е толкава што на земјава и’ се заканува урушување.

Кои треба да бидат главните насоки на новата македонска политика? Прво, расчистување со зулумите на преродбата. Тоа е тест за веродостојноста на која било нова власт. Тоа е токму она што СДСМ пропушти да го направи во периодот 2002-2006. Второ, постигнување компромис со Грција и брз влез во ЕУ и НАТО. Трето, суштинска демократизација на Македонија, која подразбира ослободување од стравот и подаништвото со создавање фер амбиент за секакви натпревари (политички, економски, културни итн.); клучен столб на демократизацијата на земјава треба да биде департизацијата, т.е. претворањето на државата во професионален сервис во служба на разбудените и компетитивни граѓани. Сегашниот државен апарат е задушен од некомпетентни партиски слуги и кревкото стопанство веќе не може да ја плаќа енормно здебелената а неефикасна држава. Или државата ќе стане ефикасна, или нејзиното вжарено зрачење ќе нè закопа сите, како што се закопува нуклуерна централа со расипани реактори.

Една од главните причини зошто е потребен широк фронт против тоталитаризмот на груевизмот е потребата од создавање стратегија за развој (или за излез од сегашниот ќорсокак) и, уште поважно, нејзино спроведување. При создавање на каква било стратегија, клучно е да се утврди реална цел на борбата. Како што вели Џин Шарп во неговата мошне инструктивна книга „Од диктатура до демократија“, рушењето на диктатурата и отстранувањето на диктаторите не е доволно. При таквите длабоки конфликти, каков е што македонскиот, целта мора да биде воспоставување слободно општество со демократски систем на владеење. „Јаснотијата во поглед на тоа прашање ќе влијае и врз развојот на главната стратегија и врз специфичните стратегии кои оттаму ќе произлезат“, вели Шарп. Стратезите на демократизацијата на Република Македонија ќе мораат да одговорат на темелните прашања, на кои ретко одговаравме низ годиниве: кои се главните препреки за постигнување слободно општество?; кои чинители ќе овозможат достигнување на слободата?; кои се главните предности на диктатурата?; кои се маните на диктатурата?; до кој степен се ранливи изворите на моќта на диктатурата?; кои се предностите на демократските сили и на граѓаните воопшто?; кои се маните на демократските сили и како тие можат да се исправат?; и најпосле, каков е статусот на третите страни, кои не се непосредно вклучени во судирот но веќе пружаат помош, или би можеле да помогнат, било на диктатурата било на демократското движење, и на кои начини?

Тоа е, значи, азбуката на борбата против тиранијата и на создавањето демократски општества. Џин Шарп во неговата влијателна книга (од која се инспирираа и бунтовниците во Србија, Тунис, Египет итн.) постојано подвлекува дека во борбата против диктатурата целта не треба да биде само рушењето на диктаторот, туку воведувањето демократски систем и спречувањето да настане нова диктатура. „За тие цели да бидат остварени, избраните средства за борба треба да придонесат за поинаква прераспределба на ефективните моќи во општеството“, вели Шарп. „Под диктатурата граѓаните и институциите на граѓанското општество биле мошне слаби, а државата пресилна. Без менувањето на таа рамнотежа, новите владетели можат да бидат еднакво диктаторски како старите.“

Задачата, значи, за Бранко Црвенковски, водачот на опозиционите сили, е сосема јасна. Да се консолидира првата линија, здружениот партиски фронт, но и да се мобилизираат најразлични општествени слоеви, како и да се постигне стратешки договор со најважните граѓански организации. Сериозните проблеми во земјава ќе траат со години. Новиот политички концепт е потребен за токму да се создаде слободен простор во кој слободни, храбри и креативни луѓе на подолг рок и на подобро ќе ја менуваат земјата и трајно ќе ги оневозможат сатрапите кои во моментов владеат со Македонија.

„Глобус“, 29.03.11.

колажи: John Stezaker

Боли глава!!! Значи да го

Боли глава!!!

Значи да го смениме Ленин за да дојде Сталин...

Од автократија кон диктатура!

На кој коњ јаваш бе Коља?

лееее чоече еј...каква

лееее чоече еј...каква филозофија... цццц...а бре мал човеку за каква диктатура пишуваш..оди и гласај против нив. Кој те спречува??? хахаха и после читам си напишал ''Прво, расчистување со зулумите на преродбата. Тоа е тест за веродостојноста на која било нова власт. Тоа е токму она што СДСМ пропушти да го направи во периодот 2002-2006'' Па кој бре ги спречи?? и зошто баш сега истите (кои веќе имале шанса) би се поправиле? смешен си

Сериозните проблеми ќе си

Сериозните проблеми ќе си останат и ако СДСМ победи на изборите бидејќи сепак тие ги создадоа и не ги решија (во нерешавањето на тие проблеми имаше удел и Љубчо). Каков е тој "нов концепт" со слободни,храбри и креативни луѓе од типот на Црвенковски, Бучко, Јани, Фрчко и компанија?! Само се надевам дека после поразот на СДСМ конечно ќе заврши диктатурата во таа партија и ќе се воведе демократија која би можело да се рефлектира и во самата држава.

Луѓе мои, драги луѓе, не го

Луѓе мои, драги луѓе, не го слушајте овој демагог алиас Коља, кој ви вели дека со СДСМ ќе воведиме демократски систем а со тоа ќе спречиме да настане нова диктатура. Па, Сталин беше само екстремен ленинист! Што знаат трулите социјалдемократи за демократски форум кога ќудта им е иста со груевистите! Сограѓанката Јана со право аналогизира - нема суштинска разлика! Единствен спас ни е со граѓанска иницијатива да побараме воведување директна електронска демократија во која професионалните политичари ќе бидат историскa реликвија која ќе не‘ потсетува какви глупаци ни ласкале да ги бираме за државни водачи. www. zahovistika2.blog.mk/2010/02/13/demokratija-bez-politichari/

А дур дое (за едно 50 години)

А дур дое (за едно 50 години) најправедната ултраорвелијанска електронска демократија (налик на Мајнорити рипорт), дотогаш, мила Јана и почитувани сограѓани, да го гласаме вечито Златниот-Црниот, Малиот-Големиот, зашто коа више е исти курац СДСМ-ВМРО, нек биде ВМРО! Абе, Мара, пиздо, ти си срам и на теориската и на политичката и на моралната мисла! Политички изгубен ко малолетниот беспризорник Букарски, пророк на нивото на Миленко, интелигенција на Бичиклиски! Во тоа друштво припаѓаш, имбецилу, заедно со мајка Јана, 15 Септември, Д-р Фројд и останатите растрчани бубашваби на вечното светло на изродбата (24/7 светло, па бубашвабите се збудалени од акање навака-натака, ко слепи мишеви без утро). Но, добро. Ко што рече Одн, ова е доба на гнусобите. Ќе се издржи. Ја, на пример, у бубашвабскиот танц глеам чудесни линии на историското лудило... И ги посипам линиите со флуоресцентен прашок и откачињам у психоделија...

Coveku ti si tezok slucaj,

Coveku ti si tezok slucaj, pomini do psihijatrija ke si popravime muabet I ke ti ja kazam tocnata dijagnoza

Убаво убаво си кажуваш ти, за

Убаво убаво си кажуваш ти, за едно 50 години мање-више, less is more. Така да, на 15ти септември 2045, имаат шанси СДСМ, со пропагатор како тебе, да дојдат на власт.

Ах! Тука сме, граѓанине! Вие

Ах! Тука сме, граѓанине! Вие ме навредивте пред читателите на Окно. Слушајте. Ви простувам. Ние преживуваме еден глупав момент. Нормално е да бидете фрустрирани кога вашиот партиски, одн. личен интерес не е пред општиот интерес. Вие ја исмевате неосновано електронската демократија. Да, таа е „најправедна“, бидејќи таа ќе ги одразува граѓаните во однос на возраста, полот, етничката припадност и класата. Според тоа, ако сте демократ, ќе молчите како не би се дискредитирале како демагог! Од друга страна, рамо до рамо со мене ќе ги опоменувате граѓаните во било која прилика да покренат иницијатива за установување непосредна електронска демократија, инаку трулите социјалдемократи и понатаму ќе ги кратат човековите права (конкретно, што е случај, работничките права) и кога не се на власт, молчејќи пред злосторството што го чинат неолибералистите врз работните граѓани.

„Во периодот од ноември 2002 година до јуни 2010 година (во кој период цело време во владата има партија која себеси се смета за социјалдемократска или социјалистичка) бројот на корисници на паричен надоместок во случај на невработеност се преполови од 47.330 во ноември 2002 година на 24.114 во јуни 2010 година. Односно, ако во ноември 2002 година околу 18% од невработените примаа паричен надоместок, тој процент во јуни 2010 година падна на 7,3%!18 Се намалија и севкупните средства што Агенцијата за вработување ги издвојува за обезбедување на паричен надоместок и за други права за време на невработеност. Така, во периодот 2005-2008 година, за само три години, овие средства се намалија речиси за една третина (од 6.699.979.041 денари во 2005 на 4.524.643.485 денари во 2008 година). Ниту ситуацијата со социјалната помош не е поразлична. Додека во 2002 година имаше 79.457 корисници на социјална парична помош, во 2008 година овој број е намален на 57.687,20 односно за цели 27%. Во истиот период не дојде до некое позначајно намалување на сиромаштијата. Од 30,2% во 2002 година таа се намали минимално на 28,7% во 2008 година, односно само за 1,5%“ (Види повеќе З. Савески, Зошто СДСМ се социјалдемократи, а СПМ - социјалисти?).

Кој сега граѓанине е политички изгубен? Кој поддржува социјалдемократија по мода? Дали тоа сум јас кој перманентно опоменува дека само непосредната партиципација на граѓаните ќе им обезбеди правична контрола над нивните животи, или вие кои ја поддржувате парламентарната (квази)демократија во која единствената цел на трулите социјалдемократи е да победат и да ја одржат власта, нормално за привилегија?

За младите изродбенички

За младите изродбенички шупци:
Каде е Ал Пачино од филмот Мирисот на жената (1992) од школските клупи да им ја плесне очигледната вистина на корумпираните членови на универзитетската комисија, преку легендарната реченица: „Сум видел момчиња со откинати раце и пресечени нозе, но нема ништо пострашно од сликата на ампутираниот дух, затоа што за тоа нема протеза“? Овој филм од школските клупи, го постави прастарото прашање за етичкиот гест: „Колку вредат твоите зборови во моментот кога може да го изгубиш личното добро? Дали си подготвен, ако околностите не ти одат во прилог, да ги изедеш сопствените зборови?“ И одговори дека постојат моменти, кога дури и по цена, целиот твој видлив свет да се распаѓа, тоа што не треба да го распродадеш е вистината.

За јадниот фетишист Мара,

За јадниот фетишист Мара, фиксиран на идиотското е-гласање:
На едно место Агамбен ги поврзува фетишизмот и меланхолијата низ епифанијата, низ пројавувањето на она што е непостојно и неостварливо. Додека меланхолијата, наместо да жали по изгубениот предмет, всушност ја насетува неговата идна загуба, фетишистичката фиксација на местото на перцепцијата ја поставува фантазијата. Според тоа, погледите на меланхоликот и фетишистот се карактеризираат со една речиси театарска двојност: и кај едниот и кај другиот загубата на предметот го отвора просторот за нестварното, со што се негира стварноста.
Фројд причината за фетишизмот ја пронаоѓа во одбивањето на машкото дете да го признае непостоењето на женски пенис.

Хичкок-Лаканијанец-от е од

Хичкок-Лаканијанец-от е од иста банда на демагози. Фикс-идејата се завршува со лудило или јунаштво. Но, за какво јунаштво може да биде способен еден мизерен демагог? За никакво. Овој демагог има право само за едно нешто - меланхолијата - поради изгубената оригинална демократија. Но, ништо што е создадено не смее за нас да биде толку свето, да не може да се надмине и да не отстапи место на она што е понапредно, послободно, почовечно! Имајте го ова на ум!

Директната демократија не е фетишизам, и покрај пустата Ваша Танталова мака да филозофирате, граѓанине, одн. да разјасните некои мои искази, кои на Ваша жал, се емпириски реафирмирани! Принципите на директната демократија глоготат како тиха вода против Вашата покондирана тиква - во поротниот систем, современите швајцарски кантони и неодамна во канадската провинција Британска Колумбија каде се постави Собрание на Граѓани за Изборна реформа во коешто членовите беа избрани случајно.

И у Политикин Забавник го

И у Политикин Забавник го објаснуваат филозофско-политичкиот концепт на Мара „Шта је баби мило, то јој се снило“:
Очите на некои видови птици имаат поголема маса од нивниот мозок.

Орнитолог, во погрешен

Орнитолог, во погрешен контекст ја уфрлате пословицата; дали јас имам склероза па сум забегал во надеж дека социјалдемократскиот сон ќе стане јаве кога трулите социјалдемократи ќе го јавнат коњот на Ричард III? Но, во секој случај, ‘и се восхитувам на оваа банда од демагози колку сила има во нејзиниот немилостив колективен „разум“! И се радувам зашто таа сила е одраз на нејзиниот бес кој го пркосам и ‘и чинам тажен насмев на сфинга.

Коља "под различни

Коља "под различни псевдоними" пријателу...
Добро утро прво.
Помина 1ви Април,единствениот ден за тебе во кој можеш да ја извадиш маската на борецот за демократија и да бидеш нормален граѓанин барем 24ч.
Сега можеш пак да си ја ставиш.

Туку сакав да прашам...

Зошто полудуваш кога некој ќе се обиде да се спротистави на твоите ставови?

Зошто делуваш како диктатор на мислата?

Зошто лепиш неосновани етикети?

Ова ли е борбата за демократија на Соросовите "невладини" друштва?

Па човеку,фали уште да ги запалите сите вмровски книги и згради и сите кои не мислат како вас да ги однесете во конц логори и фино да си влеземе во една пеколно страшна форма на диктатура и тоталитаризам како од 90тите,во која мислата ке ни ја контролираат подобните медиуми платени од странски авантуристи и опортунисти кои многу ја сакаат Македонија. Дури повеќе и од самите Македонци (ако нормално постојат).

Пријателе, дали си свесен

Пријателе, дали си свесен дека само ние од сите други бивши југословенски републики имаме водач на партија кој е водач на опозициски сили (има инспирација да биде премиер) а кој е на политичката сцена уште од времето на 90-тите. Сите други или починаа или мирно си уживаат во пензионерските денови. Само ти бараш од политички пензионер и поранешен член на Комунистичка партија да биде водач на демократски промени и промотор на граѓанско општество. Едно не ми е јасно - дали ти и другите што размислуваат како тебе навистина верувате во тоа?

Апсолутно си во право. И

Апсолутно си во право. И затоа СДСМ е таков каков што е. А дали си ти свесен дека сме единствена држава од југословенските која го има истиот министер за правда што го имала и во времето на Југославија. И тоа како кадар на десничарска, анти-комунистичка партија. И сеа, во која правда верувате со таков министер и во кое независно и непартизирано судство?

За Грујо не гласам ни под

За Грујо не гласам ни под разно, за Бранко ќе гласам ако вети дека по изборите се повлекува и ја става Рада за премиер! Здраво!
Грујо и Бранко заедно у пензија!

Ако вети бранко...ќе гласам

Ако вети бранко...ќе гласам за него. Не трескај ќе гласаш ти за Бранко така кажи си, а за ветување 30 партии што ќе учествуваат сите ќе ветуваат ридови и долини ама ниедна од тие партии не ја води човек што му била дадена шанса 5 пати како премиер и претседател и човек што ветувал 300 чуда а не исполнил ништо, напротив сработил лошо.

Рада е исто така трул

Рада е исто така трул социјалдемократ. Тоа се покажа со нејзината кариера како професионален политичар, одн. пратеник во парламентот, додека СДСМ беше на власт. Рада тогаш не крена глас против намалувањето на работничките права низ законски регулативи потстрекнати од тогаш владеачкиот СДСМ.

А да не произлезе дека зборувам работи на памет, од делото „Обезвреднување на трудот“ кое се издаде минатата година ќе наведам податоци како низ законска регулатива драстично, и гледано збирно, европските социјалдемократи од СДСМ ги намалија правата на работниците во годините на своето владеење:

• 1993: укинување на обврската за осигурување на приправниците кои вршат волонтерски работи (Закон за работни односи);

• 1993 и 2005: намалување на времетраењето за коешто отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет при вработувањето кај истиот работодавец (Закон за работни односи);

• 1993, 1997, 2003, 2005 и 2006: драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработените лица (Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност);

• 1995: воведување можност за отказ без отказен рок (Закон за работни односи);

• 1995: намалување на должината на отказниот рок (Закон за работни односи);

• 1997, 2003 и 2005: намалување на износот на испратнината за лицата прогласени за технолошки вишок (Закон за работни односи);

• 1998: воведување на можноста за намалување на деветмесечниот период на породилно отсуство (Закон за работни односи);

• 1998: овозможување со колективен договор на ниво на работодавец да се пропишуваат помали права од правата утврдени со грански колективен договор (Закон за работни односи);

• 1998 и 2005: воведување и зајакнување на субјективните преференции на работодавецот при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени при технолошки вишок (Закон за работни односи);

• 1998: укинување на судската заштита при прогласувањето технолошки вишок (Закон за работни односи);

• 2003 и 2005: пролонгирање на времетраењето и опсегот на работниот однос на определено време (Закон за работни односи);

• 2004: оневозможување лицата кои го прекинале работен однос по своја волја да ги остваруваат правата што се добиваат со стекнувањето на статусот невработено лице (Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност);

• 2004: укинување на одредбите со кои се регулира правото на работниците на учество во управувањето со акционерските друштва и друштвата во државна сопственост со што фактички е оневозможено остварувањето на ова право (Закон за трговските друштва);

• 2004 и 2006: воведување, а потоа укинување на одредбата за задолжително вклучување на претставник на вработените лица кај должникот во одборот на доверителите при стечајна постапка (Закон за стечај);

• 2005: воведување на можност за забрана на дејствување на синдикат (Закон за работни односи);

• 2005: значително отежнување на остварувањето на правото на штрајк (организатор може да е само синдикат, можност за отказ за време на штрајк, можност за судска забрана на штрајкот со право на надомест на штета на работодавецот итн.) (Закон за работни односи);

• 2005: намалување на средствата кои се издвојуваат за вработување на инвалидните лица (Закон за вработување на инвалидни лица);

• 2006: укинување на можноста за жалба по престанок на договорот за вработување при отворање на стечајната постапка (Закон за стечај);

• 2006: укинување на правото на основање Совет на вработените и учеството на претставници на работниците во Управниот одбор на јавното претпријатие (Закон за јавни претпријатија).

Мара, одвратен платенику на

Мара, одвратен платенику на диктатурата и неморален глупаку! Чуј ме! Глупоста суштински не е дефект на интелектот, туку на човечноста. Има луѓе со извонредно жив интелект кои се глупави и луѓе со тром интелект кои се сè освен глупави.
Притоа помалку се добива впечаток дека глупоста е некој природен дефект, туку напротив, дека во одредени пригоди луѓето стануваат глупави, односно дека дозволуваат да изгледаат глупаво. Забележуваме, понатаму, дека луѓето кои живеат одвоено и самостојно поретко го прикажуваат овој дефект отколку луѓето и групите луѓе кои се склони и осудени да живеат во заедница. Така се чини дека глупоста помалку е психолошки, а повеќе социолошки проблем. Таа е посебна форма на дејствување на историските ситуации кај човекот, психолошка нуспојава на одредени надворешни прилики.
Моќта на едните има потреба од глупоста на другите. Притоа не станува збор за тоа дека некои одредени – можеби интелектуални – моќи одеднаш закржлавиле и исчезнале, туку дека под пресилното влијание на развојот на моќта човекот ја губи својата внатрешна самостојност и – повеќе или помалку несвесно – се откажува од сопствениот однос кон одредени животни ситуации.
Тоа што глупакот често е тврдоглав, не смее да нè наведе на помислата дека тој е самостоен. Токму во разговорот чувствуваме дека воопшто немаме работа со него лично, туку со фразите и паролите кои завладееле со него. Тој е во некое прогонство, тој е заслепен, злоставуван во неговото сопствено суштество. Така станувајќи безволен инструмент, глупакот ќе биде способен за зло и во исто време неспособен да го препознае злото. Тука лежи опасноста од ѓаволската злоупотреба.

Демаскирање на нонсенсите на

Демаскирање на нонсенсите на Хичкок-Лаканијанец-от

1.„Мара, одвратен платенику на диктатурата и неморален глупаку!“
-На чија диктатура сум платеник? Затоа што единствено им се поклонувам до земја на вистината и правдата сум неморален глупак? Вие граѓанине чиј платеник сте? На трулите социјалдемократи, оние кои без да ги консултираат работните граѓани им ги намалуваа правата? Ако тие ви се платеници, тогаш сте платеник на диктатура и неморален глупак, бидејќи оној којшто не ја кажува вистината која е достапна врши најголемо злосторство.

2.„Има луѓе со извонредно жив интелект кои се глупави и луѓе со тром интелект кои се сè освен глупави“.
-Луѓе со извонредно жив интелект не можат да бидат глупави зашто доволно се паметни да препознаат што е погрешно а што правилно. Но, Вие граѓанине очигледно сте идеологизирани па за своја перспектива како лилјак ја имате само пештерата.

3.„...во одредени пригоди луѓето стануваат глупави, односно дека дозволуваат да изгледаат глупаво“.
-Во конкретната кавга против мене, се глупирате, бидејќи очигледно браните нешто што е веќе одамна за ампутирање. Браните продолжување на егзистирањето на трулите социјалдемократи. Пените усни од бес или идиотизам?

4.„...глупоста помалку е психолошки, а повеќе социолошки проблем“.
-Глупоста станува социолошки проблем кога не е поопштествен. Трулите социјалдемократи го направија проблемот социолошки. А, јас ви нудам решение. Но, вие и понатаму се глупирате, но очигледно поради психолошки личен проблем. Умот ви е идеологизиран.

5. „...под пресилното влијание на развојот на моќта човекот ја губи својата внатрешна самостојност и – повеќе или помалку несвесно – се откажува од сопствениот однос кон одредени животни ситуации“.
-Тоа е можно само во парламентарна демократија со или без СДСМ. Во непосредна електронска демократија моќта е физирана, човекот ја добива својата внатрешна самостојност и владее со животните ситуации, но Вие како роб на идеологијата на трулите социјалдемократи ја губите самостојноста на размислувањето и затоа, нормално, се глупирате, и вообразувате дека навредите ви се контра-аргументи.

6.„Тоа што глупакот често е тврдоглав, не смее да нè наведе на помислата дека тој е самостоен“.
-Тврдоглав глупак е оној кој инсистира на демократија со или без СДСМ наспроти фактите кои укажуваат на спротивното, бидејќи само тие можат да изразат смисла.

7.„Токму во разговорот чувствуваме дека воопшто немаме работа со него лично, туку со фразите и паролите кои завладееле со него“.
-Нема а приори вистинита слика. Јас ви зборувам од емпирија. Вие кукавички се криете зад идеите на трулите социјалдемократи чиј интерес е дрзок и злосторнички.

8.,,Тука лежи опасноста од ѓаволската злоупотреба“.
-Опасноста од ѓаволската злоупотреба лежи во квази-филозофијата, идеологизирана до перверзност, која нема моќ да ги разбистри матните и неопределени искази зад кои стојат одвратни намери.

Мара, ти си изгубен случај.

Мара, ти си изгубен случај. Бесполезен е секаков разговор со тебе и затоа веќе нема да ги има. Доволно е гротескно твоето јадно, надвор од сите простори&времиња јакобинство, па уште во комбинација со служење на мафијашка дружина чија идеологија е антиквизација&пропаганда - работите стануваат бурлескни. Глуп си и слуга си. И безнадежен си. Кретенот што овде ти асистира и суфлира најдобро збори на кое дереџе си паднал, ти, травестијо на левата мисла, кловну на отпорот, идеолошки ѕингоиду.

Не, драги мој, постојат и

Не, драги мој, постојат и други алтернативи освен твојата трула социјалдемократија која смрди како мрша. Изгубен случај си ти што не можеш да ја осознаеш таа нова алтернатива. Бесполезен сум за тебе зашто мозокот не ми е идеологизиран и не го трујам со твоите златни чари и лаги. Да се биде јакобинец значи да се биде воин за слободата. Но, за чија слобода се бориш ти граѓанину? Твојот збор е демагогија, за жал. Но, мојата идеја на директна електронска демократија пак, не може да има зад себе интерес кој е во прилог на некојаси „мафијашка дружина“, зашто тоа е сосема бесмислено и вулгарно од твоја страна да го тврдиш. Бурлескна е твојата парламентарна демократија во која никој не може да го спречи СДСМ и натаму да молчи пред намалувањето на човековите права. Глупак си што не можеш да го сфатиш тоа. А е толку просто. Во директната електронска демократија граѓаните би можеле да го изјаснат своето мислење за спорни национални прашања како што граѓаните во Атина практикувале. Примери: да се реализира „Скопје 2014“ или трошокот за образование да се намали за Х проценти. Читателите на Окно можат многу лесно да оценат кој е травестија на демократијата, кловн на отпорот (а не јакобинец, вистински воин за слободата на мнението на граѓаните) и идеолошка опашка.

Wow, какво побивање на

Wow, какво побивање на аргументи!!! :)

Во неговото служење на

Во неговото служење на најгрозниот режим што Македонија го имала од 1945 навака, Мара тие „аргументи“ го изложува по јубилеен 365 пат! Тотална мизерија! Едно те исто, без воопшто да се обиде покомплексно да ја разбере локалната, а камоли глобалната рамка. Со тие, значи, мизерни теориски средства и со сосема исклучени историско-политички антени (па и морални), како лилјак неочекувано разбуден сред утринска ливада (може се нацицал од крвта на некој пијаница или дрогераш, па му се пореметила навигацијата), Мара целиот свој (мизерен) капацитет го троши да се пресметува со „транзиционите“!
И вака ќе речам: дури и тоа - „финална пресметка“ со транзиционите богаташи и скотови - би го прифатил ко политичка агенда (па и истражувачка, теориска) кога би видел макар молекула веродостојност во тоа бедно политичко спинување... Но, не е така! Ради тоа и мизерниот Мара го прогласувам за првокласна мизерија! Врши пропагандна работа за Фамилијата која, повторувам, е неспоредливо најголемиот пљачкаш и опустошувач на Македонија во последниве 66 години! А Мара е нивниот спинер, на нивото на (Миленко, Латас, Јадибурек итн.) „жртвите на транзицијата“ што протестираат пред зградата на опозицијата!

Оној што верува и инсистира

Оној што верува и инсистира на демократија со или без СДСМ како централизирана власт е слуга на грозоморен режим. Јас не припаѓам на оваа твоја банда од демагози, граѓанину!

Заборавив да нагласам:

Заборавив да нагласам: горниот коментар, кајшто се објаснува моделот на глупоста на Мара, целиот е преземен од мошне интересниот текст од Дитрих Бонхефер, „За глупоста“, објавен на Окно. Интересно како ѕингоидот Мара се препознал во тезите на Бонхофер! Добро сум го избрал цитат, очигледно... И уште еднаш се покажува дека идеолошките фанатици од типот на Мара воопшто немаат чувство за литература, за метафора, за реченица, за нијанси, за посуптилни значења... Секирата та секирата! Вулгарен глупак! Стварно е бесмислено да се расправаш со фанатици, а згора на тоа фанатици во служба!

Од постоењето или

Од постоењето или непостоењето на една состојба на работите не може да се заклучи постоење или непостоење на некоја друга состојба на работите. Вие токму тоа се обидувате да инсуинирате, во суштина, граѓанине! Според тоа, со цитатот на Бонхефер, Вие ништо не сте објасниле, напротив, дозволивте да ви пукне покондираната тиква, па не знам, дали од бес, епилепсија или од идиотизам и натаму пените усни. Вие како типичен логички формалист, статички превреднувате разни апстракции, поими лишени од реалната содржина, а предметот на науката – објективно постоечкиот свет, е постојано во промени и движење.

Мара не се обременува да измислува, туку само да открива; што не ризикува да создава нови метафори, туку да ги покажува вистинските - оние кои постојат меѓу две слики, оние кои можеби отсекогаш и постоеле - ја потврдува Борхесовата дефиниција дека поетската слика што може да ја замисли само еден човек всушност не допира до никого. Јас му објавувам војна на декадентниот пасивизам и огнено протестирам против искривоколчената вистина и дрската безочност, која ја проповедаат сите лица на Коља.

„ѕингоид“, „фанатик во служба“ итн. се посуптилни значења инсуинирани со инквизиторско его не помалку карактеристично од неговите „професионални непријатели“ со портокалови кравати. Вулгарен глупак!

Коља не мењај никови, те

Коља не мењај никови, те познаваме по твоите изрази од типот - платенику, кретену, изродбенику. Ист си како оној Иванов што го фатија со Пристоп па сега место да одговори како набавил рекламен материјал за 5 дневна конференција во вредност од 100.000 евра ги нарекува тие што ја објавија аферата - мрачни сили, им се заканува кога ќе дошле други на власт што ќе се слуќело и тн.
P.S. Има ли нешто помизерно од луѓе како Гелевски кои под плаштот на некакви граѓански здруженија и квазиинтелектуални сајтови се обидуваат повторно да ни го продадат она политичко зомби, оној транзициски политичар, оној три пати премиер,еднаш претседател иди ми дојди ми претседател на СДС - Бранко Црвенковски?

„... изнајмување на комбиња

„... изнајмување на комбиња од кои секое чини по 1000 евра за еден ден.

Хостесите биле плаќани по 3000 евра на ден што е повеќе и од она што го плаќал Берлускони.“

ФАНТАСТИЧНИ 1000 ЕВРА ЗА КОМБЕ ЗА ЕДЕН ДЕН?!?!
ФАНТАСТИЧНИ 3000 ЕВРА ЗА ХОСТЕСА ?!?!

Мара,не се возбудувај од

Мара,не се возбудувај од дежурниве апологети кои само знаат етикети да лепат.

Судбината на интелектуалецот е да биде осамен, да биде суден и етикетиран, да биде претставен како чудак, ексцентрик, или дури како лудак и изродбеник (пред конечно да биде екскомунициран или осуден), кој се осмелува да ги доведе во прашање сите постулати на „организираното општество“, кое апологетите го претставуваат како единствено можно, па и најдобро од сето досега испробано.

Учените луѓе низ историјата секогаш стоеле пред дилемата:

Дали да бидат покорни пред моќните, богатите и силните, да даваат легитимација и слепа поддршка за нивните потфати ,да менаџираат "состојби" – и да уживаат привилегии (како што тоа денес го прават нашите елитни "независни" новинари и "невладини активисти";

Или да бидат одговорни само пред вистината, дури и кога е опасно таа гласно да се говори, па и по цена да се испие отровот.

И наместо нашиве НВО-а,да не ангажираат со јавни дебати за тоа дали МК треба да партиципира во милитарна организација како НАТО,за тоа каква храна јадеме,за неквалитетната средина во која живееме,за глобализацијата и нејзиниот позитивен и негативен импакт кон нашето живеење,и генерално да бидат отпор на системските утки,нивната агенда е да не манипулираат,да купуваме само нивни политички "вистини" и да вратат друга политичка партија на власт. Партија која ги одгледала.

Затоа подготви се да бидеш етикетиран.Некому не му се допаѓа вистината. Слободњаците кои не фаќаат страна секогаш најдебело го јадат.

Јана, неопишливо е колку само

Јана, неопишливо е колку само ме мразат тие „слободни“ уредници и хонорарци од Окно кога им го влечам носот посочувајќи им дека не го љубам распетието меѓу СДСМ и ДПМНЕ. Но, како што пишав погоре, се радувам зашто таа сила на омраза, а не на разум, е одраз на нејзиниот бес кој го пркосам и ‘и чинам тажен насмев на сфинга. Независен новинар може да биде само сиромашен, бидејќи само тогаш тој може да ја искуши својата понизност спрема вистината и правдата и во таа Улисова борба на духот да ја докаже својата внатрешна самостојност и кроткост пред таласите на општествените бродоломи. Затоа, и се сомневам дека можеме да имаме демократски форум кога новинарството е професионализирано, одн. приклештено во прангите на наемното ропство. Во тој случај, граѓаните имаат сосема право да бараат апсење на поткупливите полтронски новинари, да бараат широка партиципација во креирањето на јавното мнение директно вклучувајќи се во доставувањето на информациите во мас-медиумите, да бараат и да се изборат за правото на надзор на нивната работа, буквално барикадирајќи ги објектите на масмедиумите ако тоа е нужно заради општо добро. Резултатот ќе биде јасен: Славко Нинов ќе пишува Белешки во Време по диктат на граѓанската волја а не по ќудта на Велија Рамковски, без притоа неговата сопственост над масмедиумот да биде загрозена. Истата методологија може да се наметне и на партијата на трулите социјалдемократи, одн. перманентно, катадневно, да се потстрекнуваат обичните граѓани кои членуваат во оваа партија да инсистираат на креирањето на агендата, а резултатот ќе биде јасен исто: Новата платформа ќе им осигури зачувување на правата како работни луѓе и нивно проширување во политичката борба во Парламентот. Крајниот исход ќе биде колапс на национал-конзервативниот мит на идиотите во портокалови кравати, кои наместо да ги субвенционираат скапите специјализации за сиромашните но интелигентни студенти по медицина, тие вајат за среде плоштад фигура на варварин еднаков на Калигула од вртоглава вредност.

Сосема на место

Сосема на место Мара.

Инаку,некое време се обидувам да ја следам вистинската агенда на платенициве...Посебно на оние платени со странски пари.

Очигледно,но и легитимно си вршат политичка агитација за своите партијаши,а против власта и тоа е ОК,а и сите го знаеме тоа.

Сепак начинот на кој сета оваа политичка агенда се игра од нивна страна,отвара многу прашања и субпрашања.

Хмм,но ајде да избегаме од ситните пиксели кои сакаат да ни ги наметнат и да ја видиме големата слика за момент.

Анализирај ги,меѓостанатото,еве,само контра-коментарите на другарот "мултипл персоналити дисордер" а.к.а. Коља,Хичкок,Запрашувач на гниди или како и да сака да се нарекува...Соросовата прва сабја во орото на ОКНО,дежурниот лејбл калфа и кондом за повеќекратна употреба во нечии туѓи раце.

Избегнува дебата на реална основа,независниот НВО пристап одамна му отишол у бестрага итн итн...

Од друга страна имаш константна супресија и заплашување на неистомислениците во неговите контракоментари (ова веројатно инспирирано од контрапротестантите )со што сака да ги одврати од помислата да напишат нешто политички неподобно за него или не дај боже за Сорос од кај што зема пари.

Едноставен пример е нападот кон тебе.
Очигледно поткован си со факти кои некому сериозно му сметаат и со твое дискредитирање и етикетирање би симнале уште една сабја на вистината од нивните глави.
Замисли да си слаб карактер,да ти понудат 1000рче ко на Гелевски и ти да прифатиш да пишуваш нарачани "факти" за оние за кои твоите работодавци сакаат да пишуваш!!!
Каков удар за слободната мисла !!!

Меѓудругото,ми доаѓа помисла дека неговиот говор на омраза не е само фрустрација од детството имплицирана од физичкото и психичко злоставување,туку тој наплив на бес и огорченост има повеќе слојно значење со повеќеслојни цели за кои сеуште е рано да зборуваме,но полека доаѓаат на дневен ред.

 „А што се однесува до

 „А што се однесува до предрасудите од таканареченото општествено мнение, на кое јас никогаш не сум му правел отстапки, важи за мене како и понапред поговорката на големиот Флорентинец: Врви си по патот, а тој нека си зборува што сака!“ (К. Маркс, Капиталот, том 1).

О, содржавјани Лајнеријанци,

О, содржавјани Лајнеријанци, напијте се Дијазепам или 2. Ако нема аптекарката ќе ви даде замена. Ако не делува, договорете ферка на Кале. Дајте го својот живот за пастирот или за другиот. Или самозапалете се пред противничкиот штаб. Или саможртвувајте се фрлајќи се во темелите на следната монументална градба. Од восхит од нејзината неодолива барокна убавина. Или во знак на протест. Нека ве затрупа бетонот и нека стане ваш вечен дом. Историјата ќе ве запамети. МОРОНИ!!!

А ти, батка?! Во кенгурскиот

А ти, батка?! Во кенгурскиот џеп на мама?! Натртен со двогледот (ко тие патриотите од автопатот што ја гледаа битката за Арачиново) ќе го гледаш расплетот на Кале?! Чуј, мој впечаток е дека и од изродбеникот има бетер; а тоа е наудрениот, сеирџијата, најдлабоката алфа и омега на овие простори. Овде времето е мртво од турско навака, батка, не ради „сдсм-вмро“, туку ради таквите квазинеутрални шупци ко тебе...

Во животот постојат и други

Во животот постојат и други работи освен „сдсм-вмро“, морону патриотско-тастатурски. Излези од сопчето, фати женска, заљуби се, оди на утакмица, излези вечер и начукај се, створи пријателства, најди работа, оди по риба, во кино, на пилатес ако треба, прочитај книга, или тркни до аптека, лапни дијазепамче, наспиј се.

Батка ! види вака , се пробав

Батка ! види вака , се пробав , се!!
и пак џабе , неможам да спијам.
Заспивам само ако пуштам ТВ,
Грујо да го гледам без тон а Бранко да го слушам акао вика на митинг.
Јебига !, штачеш ?
у пи*ку матер , да го *бам ама уште да научам културно да пцујам и бидам некултурен на нивоу ко бате Геле,да пискарам по колумни да лапам и ја по некое тровче ако фрли другарот Владе.

Мара и Јана. Или сте Мартин и

Мара и Јана. Или сте Мартин и Јанаќ. Ај, да ми го лижите. Немам против и да сте вториве. И усте др. Фројд да го анализира тоа. По по по. Коља барем се потпишува под своите колумни. Вие и ко лижите не се откривате. А тоа е најслатко.

Името и презимето на Мара е

Името и презимето на Мара е Томислав Захов, идиоте!

Сосема на место

Сосема на место Мара.

Инаку,некое време се обидувам да ја следам вистинската агенда на платенициве...Посебно на оние платени со странски пари.

Очигледно,но и легитимно си вршат политичка агитација за своите партијаши,а против власта и тоа е ОК,а и сите го знаеме тоа.

Сепак начинот на кој сета оваа политичка агенда се игра од нивна страна,отвара многу прашања и субпрашања.

Хмм,но ајде да избегаме од ситните пиксели кои сакаат да ни ги наметнат и да ја видиме големата слика за момент.

Анализирај ги,меѓостанатото,еве,само контра-коментарите на другарот "мултипл персоналити дисордер" а.к.а. Коља,Хичкок,Запрашувач на гниди или како и да сака да се нарекува...Соросовата прва сабја во орото на ОКНО,дежурниот лејбл калфа и кондом за повеќекратна употреба во нечии туѓи раце.

Избегнува дебата на реална основа,независниот НВО пристап одамна му отишол у бестрага итн итн...

Од друга страна имаш константна супресија и заплашување на неистомислениците во неговите контракоментари (ова веројатно инспирирано од контрапротестантите )со што сака да ги одврати од помислата да напишат нешто политички неподобно за него или не дај боже за Сорос од кај што зема пари.

Едноставен пример е нападот кон тебе.
Очигледно поткован си со факти кои некому сериозно му сметаат и со твое дискредитирање и етикетирање би симнале уште една сабја на вистината од нивните глави.
Замисли да си слаб карактер,да ти понудат 1000рче ко на Гелевски и ти да прифатиш да пишуваш нарачани "факти" за оние за кои твоите работодавци сакаат да пишуваш!!!
Каков удар за слободната мисла !!!

Меѓудругото,ми доаѓа помисла дека неговиот говор на омраза не е само фрустрација од детството имплицирана од физичкото и психичко злоставување,туку тој наплив на бес и огорченост има повеќе слојно значење со повеќеслојни цели за кои сеуште е рано да зборуваме,но полека доаѓаат на дневен ред.

Види каква хардкор идила

Види каква хардкор идила човече :D

Вака веројатно изгледа разговорот на Коља со сам себе.

Симпатично,сепак.

___________________________________________________________

Испратено на 22 март 2011 од Некомпромисер

Не се согласувам со Гелевски дека Црвенковски треба да му попушти на „лудиот“ Груевски. Тоа никако не смее да се случи! СДСМ треба да истрае на сите разумни барања, комплет со ослободувањето на А1 ТВ. Верувам дека и Гелевски тоа го мисли, иако е малку нејасен во вториот дел на текстот... На Груевски не му се даваат прсти; Груевски голта цели раце, бетер од крокодил! Со него мора да се игра тврдо и цврсто. Ако се’ отиде по ѓаволите - па нека отиде! Нели подобро беше крај на агонијата отколку агонија без крај?!

* одговор
____________________________________________________________

Наполно ја прифаќам вашата
Испратено на 22 март 2011 од Коља

Наполно ја прифаќам вашата критика во делот околу компромисот што Црвенковски би требало да го направи во однос на Груевски! За А1 треба да се биде тврд и да не се оди на избори, без слободни медиуми. Компромисот што Црвенковски би можел да го понуди е во четвртата точка, околу распределбата на владините пари за кампањи. Ви благодарам на разумниот и конструктивниот коментар!

Каков удар за слободната

Каков удар за слободната мисла !!!
Јана,Јано што и да си. Ти со Мара, Маријана работите нешто или овде дежурате. Или др Фројд ко терапија ова ви го има препишано?

Бидејќи вие „соросоидите“

Бидејќи вие „соросоидите“ претендирате да бидете просветители на народов, треба да ве потсетам на Волтеровото: „Не се согласувам со она што мораш да го кажеш, но ќе го бранам до смрт твоето право да го кажеш“. А што се однесува до Јана и Мара, ќе бидеме страшни и корисни. Дали слонот гледа каде ја става својата нога? Ќе го смачкаме непријателот на народот, таа банда од демагози како Коља, Геровски, Нинов и др. All in good time, велат Англичаните.

Чмарче што се јадосуваш ти за

Чмарче што се јадосуваш ти за другите, коментирај ја колумненицата на колумњарот коља!

Море Д-р Фројд Чмаролижачу.

Море Д-р Фројд Чмаролижачу. Не се читате што пишувате. Вие најмалку ги коментирате колумните тука. Што има да го коментирам Коља. Досадни сте веќе и тој и вие, импотентни Чмаролижачи.

Како и да е,останува фактот

Како и да е,останува фактот дека сте платени политички агитатори и мислам дека нема потреба од тоа да се криете. Напротив.

Парче Море Д-р Фројд

Парче
Море Д-р Фројд Чмаролижачу. Не се читате што пишувате. Вие најмалку ги коментирате колумните тука. Што има да го коментирам Коља. Досадни сте веќе и тој и вие, импотентни Чмаролижачи.
____
Ти си за на психијатрија, доаѓаш на сајтов за да кажеш дека и коља е чмаролижач и тие што не се согласуваат се чмаролижачи. Па шо пенис коментираш по 10 пати.

Читај малку. Тоа што го

Читај малку. Тоа што го реков, го реков за тебе а не за Коља. Ако сум за психијатрија вие сите овде сте за во Бардовци. Омразата што се осеќа од секое ваше плукање е несфатливо за мене. Ако сакаш да знаеш тоа што го напишав е за да видам како ќе реагирате. А реагиравте се виде како.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото