Градови во кои е добро да се биде геј

08.04.2011 11:52
Градови во кои е добро да се биде геј

Сан Франциско

Епицентар на геј популацијата во Сан Франциско е раскрсницата меѓу Кастро и 18-та улица, иако целиот овој лежерен град на западниот брег со задоволство го нагостува хомосексуалниот свет. Угледот на Сан Франциско како толерантен град датира уште од времето кога морнарицата ги бркала сите за кои таа сметала дека се геј на неговото пристаниште.

Во раните 1970-ти, огорчените хомосексуалци од Њујорк почнаа да го населуваат овој град. Денес Калифорнија е една од двете сојузни американски држави кои ги одобруваат геј браковите, а Сан Франциско е омиленото место за зацврстување на нивната врска.

Сиднеј

Нештата овде значително се променија од првиот Mardi Gra марш во 1978 г. Хомосексуализмот беше забранет во државата Нов Јужен Велс сè до 1984.

Денес геј популацијата е интегрирана во секоја сфера на животот во Сиднеј, и кога протестниот марш Mardi Gra прерасна во тринеделна манифестација и најголема танцовна забава, апсењето на учесниците во маршот, како што се случи со поголемиот дел од 53-та протестирачи во 1978, е незамисливо.

Улицата Оксфорд од 1960-те се разви во геј област и стана најомилена за геј популацијата. Сепак, истополовите бракови сè уште не се дозволени.

Њујорк

Овој град е светска геј престолнина. Тоа е место каде што хомосексуалците од сите возрасти и раси се толку интегрирани во деловната и политичката култура што нивната сексуална определба и најмалку битна работа. Познати геј области се Гринич Вилиџ, Челси и Ист Вилиџ, додека Бруклин денес е дом на многу хомосексуални семејства.

Толеранцијата во Њујорк се подразбира, иако и понатаму постојат некои места, како Харлем и Централ парк, каде што геј популацијата треба да биде внимателна, посебно навечер. Истополовите бракови се незаконски во сојузната држава Њујорк.

Миконос

Овој мал егејски остров стана познат по толеранцијата и бурниот ноќен живот кој им ги нудеше на хомосексуалците во 1960-те. Наспроти големата конкуренција од другите оствори како Ибица, Миконос и понатаму привлекува голем број геј туристи кои ужуваат во лудите забави и плажи.

Островот е наречен според Миконос, внукот на Аполон, а соседниот Делос, родното место на Аполон и Артемидија, е негова главна атракција. Во Грција хомосексуализмот беше легализиран во 1951 г., а машката проституција во 2006.

Париз

Градот на Марсел Пруст и Едит Пјаф е природна средина за хомосексуалниот живот. Комерцијална геј област е делот околу елегантниот Маре дистрикт, а нешто помрачни и поопасни делови за љубителите на истиот пол се Пигал и Болоњската шума.

Лезбејките се секогаш добредојдени во овој град кој е полн со шик барови и филмски фестивали за геј популацијата. Геј аџилакот во Париз вклучува посета и на гробот на Оскар Вајлд и Гертруда Штајн на познатите гробишта Пер Лашез.

Барселона

Угледот на Барселона како град каде што геј популацијата е секогаш добредојдена датира уште од времето на диктатурата на Франко, кога хомосексуализмот во Шпанија беше забранет, но на крајот оваа заедница сепак беше прифатена.

Денес таму цел еден спектар од геј културата е многу популарен: од слободните, млади мажи и жени до гламурозните трансексуалци кои парадираат низ филмовите на Алмодовар.

Модерна Шпанија прави сè за да се искупи за мрачниот период од својата историја и денес има еден од најнапредните закони за истополовите парови, според кој тие имаат право на брак и на посвоување деца.

Амстердам

Холандија во 2001 г. стана првата земја која ги озакони геј браковите. Оттогаш во оваа либерална нација животот на геј популацијата процвета најмногу во, се разбира, главниот град.

Градот има свој Pink Point, информациски центар за геј популацијата, а веднаш до него се наоѓа и Homomonument, споменик посветен на промоцијата на геј правата. Амстердам има и хотел само за хомосексуалци, Golden Bear, кој е отворен уште во 1948 г. и се наоѓа на улицата Керк, во областа каде што геј културата е најжива.

Лондон

Во престолнината на Британија геј животот беше богат сè до судењето на Оскар Вајлд поради неговата хомосексуалност, што ги избрка хомосексуалците во наредните сто години. Во децениите по озаконувањето на хомосексуализмот (1967 г.) и острите борби за нивните права, Лондон стана еден од најтолерантните градови во светот. Главна точка на собирање е Сохо, но и на многу други места геј популацијата е добредојден гостин: Брикстон, Хампстед и Хакни. Денес истополовите двојки можат да ја официјализираат својата врска и да посвојуваат деца, а геј семејства живеат низ целиот Лондон.

Копенхаген

Данска во 1989 г. стана првата земја во светот која ги призна регистрираните истополови партнерства и тоа беше само еден од потезите на Данска во нејзината долга историја на толеранција. Геј популацијата е целосно интегрирана во малиот и софистициран град Копенхаген, кој има свои геј центри, барови, клубови и плажи. Овој град има и своја годишна геј парада, како и геј филмски фестивал.

Берлин

Можеби му требаше долго време да ги отвори своите врати за геј популацијата, но главниот град на Германија денес претставува еден од најтолерантните градови. Можеби болниот период на нацизмот и оној кога градот беше поделен го направи Берлин уште попривлечен за луѓето со алтернативен животен стил – морате да имате неконвенционален ум за да живеете овде.

Фантастичните градби од 19-от век, големите булевари и чудесните паркови претставуваат совршено опкружување за геј културата. Градоначалникот на Берлин е геј, клубот Кит Кат и понатаму постои, а отворена е и првата ексклузивна куќа за постара геј популација.

Извор: b92.net

Цртежи: Frederic Nerinckx, Огист Роден