Што не сте знаеле за Алберт Ајнштајн

02.11.2011 17:53
Што не сте знаеле за Алберт Ајнштајн

Алберт Ајнштајн беше теориски физичар, еден од најголемите умови и најзначајните личности во историјата на светот. Тој ја формулираше Специјалната и Општата теорија на релативноста, со кои ја револуционизираше модерната физика. Освен тоа, тој придонесе за развојот на квантната теорија и статистичката механика. Нобеловата награда за физика му е доделена во 1921 година за објаснувањето на фотоелектричниот ефект (дело објавено во 1905) како и за придонесот во развојот на теориската физика.

Дали Ајнштајн бил лош ученик?

Ајнштајн имал проблеми со учењето јазици додека бил мал. Родителите дури го воделе и на доктор. Исто така бил бунтовник, па го исфрлиле од едно училиште. Но, токму ваквите нешта придонеле тој да стане генијалец. Неговиот однос кон авторитетите му овозможил да го преиспитува дотогашното знаење. Неговиот бавен вербален развој го натерал да се занимава со просторот и времето, што за поголемиот дел од возрасните било надмината тема. На пет години добил компас од својот татко, а до крајот на животот се занимавал со магнетните полиња. За светот повеќе сакал да размислува во слики отколку во зборови.

Каков бил по математика?

Едно од најсилно врежаните мислења за Ајнштајн е тоа дека тој бил лош по математика. Често за оваа информација се зборува како за нешто што сите го знаат, на веб сајтовите и во книгите кои ги мотивираат помалку успешните студенти да продолжат понатаму. Доколку на Гугл го внесете поимот „Ајнштајн лош по математика“ ќе добиете повеќе од 500.000 линкови, а овој факт се појави дури и во Риплиевата рубрика „Верувале или не“.

Иако животот на Ајнштајн нуди многу животни иронии, оваа не е една од нив. Кога во 1935 година на Ајнштајн му го покажале текстот на Рипли за тоа како паднал на испит по математика, тој гласно се насмеал. Одговорил дека никогаш не паднал по математика, и дека пред својата 15 година ги разбирал диференцијалните равенки и интегралите. Во основното училиште бил меѓу најдобрите и преку сите очекувања за просечно знаење по математика. На 12 години, според неговата сестра, бил многу успешен во решавање проблеми во напредна аритметика, па планирал и самиот да се занимава со геометрија и со алгебра. Затоа родителите му купиле збирка со напредни задачи за да ги вежба за време на летниот распуст. Не само што успешно ги решавал проблемите и задачите, туку се обидувал да изведе теореми на свој начин.

Дека повеќе сакал да размислува во слики отколку во зборови?

Да , неговите најголеми продори биле направени благодарение на визуелни експерименти и слики во главата, а не врз основа на експериментирање во лаборатории. Станува збор за мисловни експерименти. На 16 години се обидел да се замисли себеси како јава на светлосен зрак. Прашањето е дали во тој случај, кога набљудувачот ќе ја достигне брзината на светлината всушност ќе ги види неподвижните светлосни зраци. Проблемот бил во тоа што равенките на Максвел го забранувале тоа. Тој знаел дека математиката е јазик со кој природата ги опишува своите чуда, па тој можел да ја замислува визуелизацијата на равенките. Во следните десет години се посветил на вакви мисловни експерименти и така дошол до Специјалната теорија на релативноста.

Која е чудесната година за Ајнштајн?

1905 година. Во оваа година Ајнштајн завршил колеџ, но не можел да се запише на докторски студии, ниту да се вработи на факултет. Затоа се вработил како истражувач во Патентен завод. За време на своето слободно време на работа, напишал 4 дела кои ја унапредиле физиката. Првото дело е за тоа дека за светлоста може да се сметаат и честичката и бранот. Во второто го докажува постоењето на атомот и молекулот. Во четвртото ја објавува Специјалната теорија на релативноста, со која објаснува дека просторот и времето не можат да бидат апсолутни. Во ова ја објаснува и еднаквоста меѓу масата и енергијата преку позната формула E=mc^2

Какви културни влијанија предизвика Алберт Ајнштајн?

Речиси три века на сила бил механичкиот космос на Исак Њутн, заснован врз апсолутните вистини и правила. Сето ова влијаело и врз развојот на психолошкото сфаќање и поврзаноста на причината и последицата. Ајнштајн го вовел сфаќањето дека просторот и времето зависат од набљудувачот, т.е. од референтниот систем. Ова очигледно укинување на апсолутната извесноста изгледало еретички. Индиректно, релативноста е поврзана со новиот релативизам во моралот, уметноста и политиката. Во воздухот се чувствувало новото движење во сите сфери: Пикасо, Фројд, Стравински, Џојс...

Каков е неговиот однос кон Евреите?

Неговата врска со Евреите била мошне силна, иако тој е спроведувал религиски ритуали и обичаи. Имало антисемитски реакции како на неговата јавна популарност, така и на еретичкиот дух кој неговите теории често го носеле. Но, токму овој антисемитизам кој и самиот го чувствувал, влијаел уште повеќе да се идентификува со својот народ. Неговото прво патување во САД било со цел да присобере пари за Ционистичкото движење, за во 1933 година да избега од Хитлер и да се пресели во Принстон. Пред крајот на животот му е понудено да биде првиот претседател на Израел, но тој го одбил тоа.

Дали неговите теории го поминаа тестот на времето?

Да. Неговата теорија влијае врз широк сегмент на науки од бесконечно малото до бесконечно големото. Цел век по неговиот успех ние и понатаму живееме во неговиот космос. Фотоелектричните ќелии и ТВ, нуклеарната енергија и ласерите, патувањето во вселената и полупроводниците, сите тие се резултат на неговите достигнувања. За време на Втората светска војна го потпишал писмото до претседателот на САД, Рузвелт, во кое се бара придвижување на програмата за создавање атомска бомба, а неговата равенка која зборува за врската меѓу масата и енергијата можела целосно да се разбере во миговите на создавањето на облакот во форма на печурка по првите атомски проби. Двете големи теории со кои тој го почна 20 век и понатаму се два основни столба на современата физика.

Политичките ставови

Бил пацифист, сè до појавата на Хитлер, кој го натерал да ги преиспита своите геополитички равенки. Инсистирал на конструкцијата на атомската бомба, но подоцна бил лидер во движењето кое барало контрола на ширењето на нуклеарното наоружување. Како што барал теорија која ќе обедини во физиката, така сметал и дека идејата за федерализацијата на светот е најдобар начин да се запре натпреварот меѓу народите. Бил борец за правото на слобода на мислењето и изговорениот збор.

Пред смртта во 1955 година пишувал говор по повод израелскиот ден на независноста кој го почнал со зборовите: „Ви се обраќам вам, не како државјанин на САД, ниту како Евреин, туку како човечко суштество“.


Извор: 6yka.com

Дали неговите теории го

Дали неговите теории го поминаа тестот на времето?
-Не би рекол, зашто со пронаоѓањето на честичката „неутрино“ во Церн (за која Никола Тесла трубел уште пред 100 години) полека почнува да се ниша теоријата за релативност. Всушност, Ајнштајн е рок-физичар, и мислам дека за некое време ќе се памети само како научник со до некаде интересна биографија и забегана фризура.

Теориите од типот на оние на

Теориите од типот на оние на Ајнштајн, врз кои се граделе многу други, никогаш нема да се дозволи да се побијат, затоа што ќе падне во вода голем дел (т.е. период) од науката. Исто како што преводот на Петрушевски на дефиницијата на трагедијата во „Поетиката“ на Аристотел никогаш нема глобално да се утврди како точен, затоа што ќе побие наука долга повеќе од десетина векови.

Ќе видиме, ќе видиме...

Ќе видиме, ќе видиме...

Einstein, you dumb ass.

Einstein, you dumb ass.