Маркс е кај нас одамна погребан

26.01.2012 11:32
Маркс е кај нас одамна погребан

Во една од последните колумни во весникот „Нова Македонија“, нашиот познат писател и универзитетски професор, Венко Андоновски, посакува да го актуелизира присуството на големиот германски мислител и еден од најзначајните филозофи во 19-от и највлијателните во 20-от век – Карл Маркс. За жал, неговиот своевиден стриптиз („преслечениот Маркс“) на Марксовата мисла и дело, го фрла читателот во недоумица по однос на овој кај нас полузаборавен и целосно премолчуван филозоф во последниве две децении.

Најнапред, не знам зошто на самиот почеток авторот на овој текст го поврзува името на Маркс со она на Фјодор Михајлович Достоевски – големиот руски писател, кој во најголемиот дел од својот живот бил жесток идеен противник на сите приврзаници на Маркс во Русија и во светот. Никакви допирни точки меѓу овие две исклучителни личности немало и не гледам никаква основа денес да се зборува за нивната заедничка и меѓузависна реактуализација.

Останува прашањето: Од каде денес, во почетокот на 21-от век, толкав интерес за учењето на Маркс и за неговите фундаментални книги? Тоа е сериозно прашање на кое веќе се дадени бројни сериозни одговори, за жал, малку присутни кај нас и во нашите медиуми. Одговорот на Венко Андоновски дека за судбината на Марксовата мисла се виновни, пред сè, „социјалистичките вулгаризатори кои неговата филозофија ја сведоа на примитивна комунистичка програма за ’рај на земјата‘, наместо на небото“ е крајно симплифицирано и, во крајна линија, несериозно објаснување, а не некоја „премолчена хипотеза“.

Зарем меѓу изворното Марксово учење, кое денес гледаме на повеќе места во светот се реактуализира и „примитивната комунистичка програма“, која доведе до крахот на многубројните социјалистички држави во крајот на 20-от век, не постоело ништо друго? Зарем под таква „примитивна програма“ на идејно-политички план можеме да го сведеме сето она што го сториле и напишале и Плеханов, и Ленин, и Троцки, и Бухарини многу, многу други, а на културен план плејадата марксистички мислители и во Русија, подоцна во СССР, а и надвор од нив, во целиот свет? Зарем сите тие, како и нам добро познатите Крлежа, Цесарец, Давичо, Рацин и многу, многу други, беа заробеници на оваа „примитивна програма“, т.е. на некаква премолчена хипотеза, борејќи се за остварување на социјалистичкото општество во своите средини? Зарем сите тие бргу-набргу го заборавиле филозофот Маркс и им се препуштиле, некритички, на неговите „социјалистички вулгаризатори“? Се разбира, со такво нешто ниту своевремено, ниту денес, никој не би можел да се согласи, бидејќи вистината е многу посложена, вистината е друга.

При сето ова, постои опасност и од една друга крупна заблуда, доколку современиот читател некритички им се препушти на некои ставови од колумната на почитуваниот В. Андоновски. Тоа е неговото тврдење дека во случајот на Маркс и марксизмот и неговата историска судбина, станува збор за „политичка злоупотреба“ на една автохтона филозофија како онаа на Кант и на Шопенхауер. Но, токму овде авторот на оваа „марксопреслекување“ запаѓа во најпроблематичниот став за идентичноста на овие тројца крупни филозофи. Меѓу автохтоната филозофија на Маркс, Кант и Шопенхауер постојат, бездруго, како што во поново време ни кажуваат филозофите неоптоварени со идеолошки предрасуди и догматски шеми, бројни допирни точки, наспроти она што се мислело за нив во некои други времиња. Но, ноторна вистина беше и сè уште е дека меѓу Маркс и двајцата овдеспоменати мислители постои една суштествена разлика, една непречекорлива црвена линија, која самиот Маркс повеќе пати ја подвлекувал, пишувајќи: „Филозофите досега само го објаснуваа светот, но работата е во тоа тој да се промени“ (11-тата теза за Фоербах).

За другите одново „бргу, набргу“ изречени ставови во кои и самиот автор, се плашам, го (зло)употребува Маркс за некои конјунктурни политички цели, овде не би сакал да зборувам.

И покрај критичките забелешки што овде му ги упатувам на Венко Андоновски, еден од најдобрите мои некогашни студенти, а денес наш истакнат писател и универзитетски професор, мислам дека нему треба да му се оддаде признание што меѓу првите кај нас, во Македонија – каде што со децении Маркс целосно се игнорира, иако во нашава средина бројни „марксисти“, блиски на политичката номенклатура, на времето се растурија пишувајќи и докажувајќи дека се „поголеми марксисти од другите“ – ја начнува дебатата на тема: „Маркс и нашата современост“, а со самото тоа, како интелектуалец што знае критички да мисли, го нарушува привиднот мир и лажното спокојство на нашата актуелна интелектуална сцена, во која веќе долги години не се отвораат дебати за низа суштествени прашања и во која доминира ставот дека е најдобро да се молчи и да се прикрива вистинското лице на реалноста. Во тој поглед, и покрај нашите разидувања по одредени прашања од овој домен, потребата од отворање на вакви и слични теми и дијалози е нешто во што ние, бездруго, стоиме на слични позиции.

Колаж: Ханох Пивен

Препорачуваме и други текстови на Окно на темата Маркс и марксизмот:

Како продавачите на магла завладеаја со светот

Револуцијата ѕвони два пати

Опера за три гроша

Светот на сништата

26. Молчењето на Маркс

Карл Маркс суперѕвезда

Отворена војна со огласувачите

Падот на антиКомунизмот

Повторното втемелување на социјалистичката идеја кај нас (1)

Одличен напис!

Одличен напис!

Зелените човечиња болни од

Зелените човечиња болни од прапрастаро шупло ем слабо срце, инфарктоидно, меки бубрези што не излачуваат, туку лачат хемикалии у крв, деменција на курето и умот И ѓурчиновит кој има вода во колената; тие стари меса со право на глас во Академијата МЈАУ ќе бираат Академиќи.

Ете го така Венко иде у Хубо, кандидат по марксистичка игра на среќа ем несреќа ја свртел личната пирамида од книги обратно и ја поставил на глава да му го рие мозокот. Така кандидатски. Книгите се распаѓаат на мали иситнети делови, букви летаат на сите страни, рачиња и ноѕе им се појавуваат ко припомош за падот, мириса на сува хартија и мириса на мисли. И на мајчин папок, мајчин низаеден, малку облеан со крв, не пошо црвен, туку затоа што се лепи. Буквите одат по Венко, не ќе се враќаат назад. Ако ништо друго Венко е книга. Од пирамидата паѓаат букви колку Венко, од некоја словарска, од старите книги, тоа се непослушните.

У Хубо јеботе Венко купува неостик, така висок ко грамада, не повисок од пирамидата, тоа чудо е десет пати по робусно; и расположен за согледби, зима една туба, ама не е сигурен дал буквите се лепат со тоа. Почнуе муабет со буквите шо го следат и шо му идат пред него ко делфини у море.

Пирамидата му се поместува така кружно, се врти, голема пирамидална штедилница на книги, нешто слично на ТАТ, Антологија на Тефтерството во Татковината или поточно Тефтеро Антолоштвото во Таткојната, да не речеме патријата. Буквите се неми, нема ни крик ни зијан, само се качуваат по полиците и се прилепуваат на четивата од производите; како мрсен мед се лијат надолу, а Венко пие. Пие ли пие мед Венко, пие букви, соопштенија, сообразенија, пие тој пирамиди, папоци, стаорци и остатоци од производи со поминат рок, пие човекот, да биде јак кога ќе биде изборот.

Венко има крв која лепи, се собраа неколку букви по под да му се упикаат на Венко, така убаво му се надредија, да не речеме одродија, кутрите. Венко намуртен ем насмеан, јеботе не знае шо да мисли.

Хехехе, рече тој. Ќурќиноф ме смеел отсекоаш, јеботе, рече Венко. Ќе гласа тој за права марксистичка будала, за мене!, рече Шпенко.

Немите букви го имитираат и прават лик ко венкота и му се смеат назад. Буквите се исто будали.

венко вади кофа неостик и ја фрла по под. Зема метла и ги мете сиве да се залепат, а потоа цела грутка ја фрла од горе. Пирамидата клокоти, Венко фаќа со трепавици ја спушта на земја и прави тесто од книгобукви. Шо ли ќе излезе у пичку матер?

Супер пичката, овај печката, звана МЈАУ почна со подготовки за потпечување. Дали ќе се испече или загори, зависи од повеќе фратари; дали во тој ден ќе има добри кувари насмеани и подзаспани пекари или ќе се сведе на клиничка разврска, Венко што можеше слепи и од други зависи.

хехехехе...

Коментарот на ХБ е како

Коментарот на ХБ е како бесплатна терапија! И од вторпат читање истата дијагноза се потврдува: денешниве „мудри“ коментатори дефинитивно не можат да се разбират. Воопшто! Најстрашно е тоа што помислувам дека ниту себеси не се разбираат! Ако станува збор за Маркс, нема друго: Господе помагај!

бозоф хиксон, претпоставувам?

бозоф хиксон, претпоставувам? :)
ах, беда... ги скратија коментарите на ѓубрето од твојата книгичка и реши да ни се претставиш овде со ново повраќање. мачење... говедарот што стана општествен критичар и раскажувач на повраќаници.
скрати. престани. помогни си себеси за да му помогнеш на светов.

Болницата работи, подрани

Болницата работи, подрани денес. Класичен пример на нелојална конкуренција: не плаќал данок никогаш. Неоданочената СТОКА според документите и каталошката вредност на имателот на брендот, во случајот ХГ потврдува дали е или не е (прашај се шо?). Идентификувањето е завршено, се работи за фалсификат. Се прави спогодба со ЉОшофИРерот (прашај се?), и има случаи каде е потребна правна заштита, но фалсификуваната стока се става надвор од царински надзор, без можност за жалење. Се пали умствено, а за заштита од наместени тендери за увозни куртон дозволи, држи јако ебачу, да се спасиме од увоз, док не ни се ебала мајката.
ах

Венко Андоновски е цар на

Венко Андоновски е цар на општите места и на најмедиокритетските стереотипи. Дотолку е поневеројатно што една таква тапост и досада (популизам, ама од најиритантниот, народњачко-квазиакадемски тип) во темниот вилает се прогласува за врвна литература. Затоа што врвната литература е се’ друго, само не е општи места, морализам, попување и упикување на толпата.
За жал, ни неговиот професор, Милан Ѓурчинов, не е многу повозбудлив, иако, се разбира, неговата кариера е каде каде подостоинствена од кариерата на избезумениот (по пофалби, статуси, позиции) транзициски писател-популист.
Со еден збор, што и да мислел горниот ХБ - и двајцата (некогашниот професор и неговиот некогашен студент) тамам се за МАНУ, некрополата на македонскиот дух и разум.

Да за се си во право

Да за се си во право

Ѓурчинов, очигледно дека

Ѓурчинов, очигледно дека слабо ги следите работите. Оваа теза ви е сосема неточна, па и, ако сака човек така да гледа, цинична (иако е благородна нејзината намера, да се истакнат и добрите страни на оној со кого не се согласувате):
„...мислам дека нему треба да му се оддаде признание што меѓу првите кај нас, во Македонија – каде што со децении Маркс целосно се игнорира, иако во нашава средина бројни „марксисти“, блиски на политичката номенклатура, на времето се растурија пишувајќи и докажувајќи дека се „поголеми марксисти од другите“ – ја начнува дебатата на тема: „Маркс и нашата современост“...
Андоновски бил „комунист“ тогаш кога тоа било конјуктурно, во бившиот систем. Оттогаш Андоновски го закопал „комунизмот“ како и речиси сите други безбројни македонски „комуњари“ кои ги закопуваа(т) своите биографии како пцовисани мачки низ двор. Денес е „секси“ да си националист и, се разбира, Андоновски пак е тука негде, кајшто се новите „легитимирачки норми“.

Бозон, се заљубив во твојот

Бозон, се заљубив во твојот јебозовен коментар. Микро-министер за реметење примачи од калибарот на двајцата погоре.

Учителот го напаѓа

Учителот го напаѓа ученикот:
„Одговорот на Венко Андоновски дека за судбината на Марксовата мисла се виновни, пред сè, „социјалистичките вулгаризатори кои неговата филозофија ја сведоа на примитивна комунистичка програма за ’рај на земјата‘, наместо на небото“ е крајно симплифицирано и, во крајна линија, несериозно објаснување, а не некоја „премолчена хипотеза“.“
Јас се ставам во одбрана на ученикот, бидејќи ценам дека тој има право, иако во својата колумна не наведува како социјалистичките вулгаризатори ја изопачиле мислата на Маркс (и Енгелс). Но, јас и Гогов по ова прашање, почнувајќи од доцната 2006-та до денес, имаме напишано, можеби, илјада страници преку својот заеднички блог „L’Ami du Peuple“, преку писма до различни институции и интелектуалци, две книги „Анти-Ленин“ и „Анти-Кардељ“, преводи на автори кои го бранат изворниот Маркс (и Енгелс) и сл. Во таа смисла, академик Ѓурчинов не може да ни забележи дека по ова прашање не сме за позанимавале со сериозност на ерудити. Тогаш, ќе мора да се позанимава со нас.
Значи, ученикот е во право кога вели дека за судбината на Марксовата мисла се виновни социјалистичките вулгаризатори. Ако Маркс е против угнетување на верниците и свештениците, Ленин застапувал и практикувал терор кон овие. Ако Маркс е за народна демократија, Ленин извршил државен удар и го поништил мандатот на социјалистичките револуционери (десни есери) и воспоставил еднопартиска диктатура, диктатура на професионални револуционери и лична диктатура, оценувајќи се себе како „марксистички Месија“, иако кога избувнува Февруарската револуција тој се затекнал во Швајцарија и таму проповедал дека револуцијата е прашање на далечна иднина. Толку од месијанството на Ленин!
„Примитивната комунистичка програма за рај на земјата“ всушност беше Бухариновата и Лениновата Нова економска политика (НЕП) којашто оттогаш сè до распадот на СССР допушти егзистенција на наемен систем, како и Глигоровото и Кардељовото „социјалистичко стоковно производство“ што на крајот ги имплицираше законите на приватно присвојување на акумулираното општествено богатство.
Учителот продолжува со обвинувањето:
„Зарем меѓу изворното Марксово учење, кое денес гледаме на повеќе места во светот се реактуализира и „примитивната комунистичка програма“, која доведе до крахот на многубројните социјалистички држави во крајот на 20-от век, не постоело ништо друго? Зарем под таква „примитивна програма“ на идејно-политички план можеме да го сведеме сето она што го сториле и напишале и Плеханов, и Ленин, и Троцки, и Бухарини многу, многу други, а на културен план плејадата марксистички мислители и во Русија, подоцна во СССР, а и надвор од нив, во целиот свет? Зарем сите тие, како и нам добро познатите Крлежа, Цесарец, Давичо, Рацин и многу, многу други, беа заробеници на оваа „примитивна програма“, т.е. на некаква премолчена хипотеза, борејќи се за остварување на социјалистичкото општество во своите средини? Зарем сите тие бргу-набргу го заборавиле филозофот Маркс и им се препуштиле, некритички, на неговите „социјалистички вулгаризатори“? Се разбира, со такво нешто ниту своевремено, ниту денес, никој не би можел да се согласи, бидејќи вистината е многу посложена, вистината е друга.“
Според, учителот смета дека изворното Марксово учење денес на повеќе места во светот се реактуализира. Ова не е точно. Конкретно по прашањето за потеклото на сегашната криза, теоријата на кризи поради потпотрошувачка, спротивна на изворното Марксово учење, е најцврсто застапувана во левицата. Во таа смисла, бранителите на изворното Марксово учење допрва треба да го рушат економскиот мит наречен подконзумеризам.
Зарем Лениновата НЕП не беше „примитивна програма“? Па самиот тој вели дека НЕП е „нова само во односот на политиката со која почнале. А во суштина во неа има повеќе старо отколку во претходната“.
Троцки, на пример, пак, како и Ленин, се разбира, не се бореше за остварување на социјалистичкото општество во своите средини, туку, напротив, се бореше за уништување на социјалистичкото општество. Познато е што се случило штом болшевиците одбиле да ги прифатат 15-те демократско-социјалистички барања на кронштадските востаници. Троцки бил испратен со 60 000 трупи да го скрши Кронштадскиот Совет. Одредени единици се спротивставиле и им се придружиле на востаниците… После двонеделна битка, во која биле убиени илјадници цивили и дури до 10 000 војници на Црвената армија, востанието било скршено. Во таа смисла, ако ученикот „откровенува“ премолчена хипотеза, учителот премолчува злосторство кон работничката класа и возвишува масовни врколачки убијци како Бухарин, Ленин и Троцки.
Зарем сите тие бргу-набргу го заборавиле филозофот Маркс и им се препуштиле, некритички, на неговите „социјалистички вулгаризатори“? Не, тие самите биле вулгаризатори на делото на научникот Маркс во општествени прашања. Самиот Ленин изјавува јавно во 1921 година, штом ја воспоставува капиталистичката НЕП, дека тој не е комунист, туку болшевик. А на Единаесеттиот конгрес на РКП(б), ги навредува основачите на научниот социјализам, „никаков Маркс и никакви марксисти“, „Германци“, нивните дела – „старите книги“, ги обвинува дека „Маркс не пишувал за Русија, туку за сиот капитализам во целина“ и сл.
Се разбира, со такво нешто секој би можел да се согласи, и би морал ако има научна совест. Но, изгледа учителот ја нема. За него вистината е многу посложена, вистината е друга, само не дека неговите возвишувани болшевички врколаци ја пиеле крвта на селаните од черепот на работничката класа. Вистината за него е толку сложена што направил сериозен превид на болшевичките злосторнички баханалии што е засрамувачки за интелектуалец од академски ранг.

ОкоБоли главаВицФото