МПЦ и ИВЗ ќе имаат свои полиции

10.02.2012 22:44
МПЦ и ИВЗ ќе имаат свои полиции

Македонската православна црква и Исламската верска заедница наскоро ќе можат да отворат свои верски полиции. Министерството за внатрешни работи ги прифати барањата на двете најголеми верски институции во земјава, во кои тие бараат да им биде овозможено да основаат свои полиции, како и да изградат полициски станици во поголемите градови од земјава.

Kако што најави министерката Грдана Јанкуловска, ќе биде распишан конкурс за две верски полиции на кој тие ќе добијат дозвола да изградат неограничен број полициски станици на територијата на целата земја. На почетокот се предвидува верските полиции да бидат на понизок ранг од полицијата на министерството за внатрешни работи, и во првите шест месеци нема да можат да апсат, да приведуваат или да убиваат граѓани на Република Македонија, за да не биде загрозено работењето на регуларната полиција. Поради тоа, за полициите на двете верски заедници ќе бидат поставени пониски технички, психички, стручни и други критериуми одошто оние што се бараат за регуларната полиција. Јанкуловска изјави дека ќе биде распишан дополнителен конкурс доколку и отанатите верски заедници во земјава сакаат да основаат свои полиции.

Засега во Македонија работат десетина приватни полиции, замаскирани зад параванот на агенциите за обезбедување на лица и имот, но ова е првпат некоја верска заедница да побара основање сопствена полиција.

Во образложението поднесено од МПЦ и ИВЗ се вели дека моралот на граѓаните е опаднат на најниското можно ниво, и дека крајно време е да се воведе ред во секојдневното живеење, кое треба да биде во склад со верските закони и правила.

МВР ќе распише и конкурс со кој верските заедници во блиска иднина ќе можат да основаат и свои лични војски, чијашто бројност нема да смее да ја надмине бројноста на македонската армија.

Од активистите за човекови права, како и од страна на атеистите, се најавуваат протести, веднаш по завршувањето на зимата.