МПЦ го осветува најновиот маќедонски сателит Буќефал III

15.11.2014 14:51
МПЦ го осветува најновиот маќедонски сателит Буќефал III

Криволак, 15 ноември 2014

Владици на Маќедонската православна црква денес го осветија најновиот маќедонски сателит Буќефал III.

Овој сателит ќе се лансира од лансирната рампа Криволак, со намера да сане гео-стационарен, а потоа и да го напушти сончевиот систем во потрага по гробот на Александар III Маќедонски, првиот Маќедонски Вселенски Император кој одел во поход кон Алфа Ќентаури (Шиптари некои) да ги пороби, во моментот кога му се губи трагата во социјалдемократската маглина (мрш предавници!).

Важната мисија на Буќефал III е да помогне во расветлувањето на потеклото на Маќедонската Раса од кога постои светот (5000 п.н.е.) па до ден денешен.

Следењето го патот на биг бенгот, воспоставувањето врски со меѓугалактичката и интерпланетарната дијаспора и освојување нови гласови за Движењето ВМРО-ДПМНЕ, се само некои од целите на овој Сателит (Вечен да е!). Покрај тоа, сателитот носи и автентични маќедонски уметнички артефакти, кои ќе послужат да ги потсетат далечните цивилизации кои во овој сателит ќе ги сретни на пато, дека и тија влеча потекло од нашио Славен Имепратор Александар Треќи Маќедонски a.k.a. Никола I Грујевски Маќедонски (Бок да го чува!).

Меѓу артефактите се и Јутјуб снимки на Елена Ристеска (свака част, играше со питонот во ТЛЗП) и 4 епизоди од „Величественио“.

Затоа, сограѓани, да речиме АЗНГ и да принесеме КУРБАН во нашата православна традиција од век и веков па засекогаш, АМИН!

Извор: therealpsmst.tumblr.com