Љубовта доаѓа и преку приборот за јадење

15.02.2012 14:08
Љубовта доаѓа и преку приборот за јадење

Иако итернетот вчера беше преполн со содржини поврзани со празникот на вљубените, решивме да ви претставиме еден многу едноставен и симпатичен предмет на истата тема, но кој, сепак, содржи во себе нешто многу повредно.

Имено, станува збор за приборот за јадење за двајца во облик на срце, наречен Heart Part. Ова срце во себе крие две минијатурни виљушки, два ножа и мала лопатка, и е дело на дизајнерката Фатима Фазал.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Сигурни сме дека овој предмет ќе ги зароби срцата на сите љубители на практичниот дизајн, но уште една карактеристика која вреди да се пофали во врска со него е и неговата еколошка димензија - срцето е изработено од биоразградлив полистирен и користи 66% помалку пластика од вообичаениот пластичен прибор за јадење.

Значи, освен што го намалувате сопственото штетно влијание врз околината (бидејќи годишно околу 40 милијарди пластични делови од приборот за јадење завршуваат на ѓубриштата), со купувањето на овој прибор донирате и 9% од заработката во добротворни цели.

Извор: iheart-this.com