Кинескиот како прв странски јазик на Албанците

15.03.2012 16:54
Кинескиот како прв странски јазик на Албанците

Весникот Neue Zürcher Zeitung во средата, на 7 март, објави текст за јазиците кои, поради нивната долга историја на иселување, ги зборуваат Албанците. Весникот, меѓутоа, наведува дека кинескиот сега може да стане прв странски јазик во Албанија.

Neue Zürcher Zeitung пишува: „Албанците се лигнвисти. Некои од нив не само што ги познаваат идиомите на нивните грчки, италијански и словенски соседи, туку зборуваат и германски, англиски или француски. За тоа постои причина: албанскиот јазик спаѓа во семејството на индогермански јазици и странците многу тешко го учат. Албанскиот го говорат околку 7.5 милиони луѓе. Тој што зорува албански, тој е јазички изолиран. Албанците, меѓутоа, имаат долга истроија на иселување за време на кое доаѓаат во Западна Европа и во прекуокеанските земји. За да станат успешни таму морале да ги научат јазиците на тие земји. Според тоа, во Албанија можат да се сретнат луѓе кои буквално тврдат дека италијанскиот го научиле покрај телевизорот. Дури и за време на комунизмот таму можело да се гледаат италијански емисии.

Оној кој за време на диктатурата на Енвер Хоџа сакал да напредува, морал да научи руски во период од 1950 до 1960 година. Кога во 1948 година дошло до раскол помеѓу Сталин и Тито, партијата на Енвер Хоџа застанала на страната на Москва, поради што била наградена со економска помош од тогашниот Советски сојуз. Меѓутоа, десет години подоцна, незадоволен поради слабиот развој на тешката индустрија, Хоџа го променил менторот. Тирана тогаш својата надворешна политика ја насочила кон Пекинг. Албанија во 1971 година предложила резолуција ОН број 2758 според која Нардона Република Кина – на штета на Тајван – е прогласена за единствен легитимен кинески претставник во светската организација.

Оттогаш измина доста време. Меѓутоа, албанско-кинеските односи и до ден-денес се добри. Албанскиот премиер Сали Бериша предлага изучувањето на кинескиот јазик да биде задолжителен предмет во албанските средни училишта. Кинеската амбасада позитивно реагирала на предлогот на Бериша. Но, професорите не се сосем воодушевени.

Албанскиот весник Shekulli цитира една Албанка – која вели: „Кој сака да предава кинески – без обзир на јазичниот талент – тој мора јазикот да го учи шест години“.

Извор: deutsche welle

ОкоБоли главаВицФото