Две години затвор за Pussy Riot

18.08.2012 12:48
Две години затвор за Pussy Riot

Москва – Членките на руската панк група Pussy Riot се прогласени за виновни за хулиганизам, мотивиран од верска омраза, и се осудени на затворска казна од по две години. Московскиот Хамновически суд со тоа го прифати обвинението на обвинителството, според кое, Надежда Толокоњикова, Марија Аљохина и Екатерина Самутсевич се наоѓаат виновни за подгревање меѓурелигиска омраза и за навреда на чувствата на верниците, заради нивните дејствија во црквата на Христос Спасителот во февруари, кога отпеале песна против рускиот претседател, Владимир Путин.

Главната судијка, Марина Сирева, за време на изрекувањето на казната образложи дека обвинетите се виновни за хулиганство, мотивирано од верска омраза, и дека, со своите постапки, го загрозиле општествениот ред. Судијката, исто така, наведе дека членките на панк групата сториле кривично дело хулиганство, со изведување на панк молитва против рускиот претседател, Владимир Путин, во главната московска црква, како и дека не покажале никаква почит. Тие „внимателно ја планирале“ својата акција на 21. февруари, во московската катедрала на Христос Спасителот, а во црквата дошле за да испратат политичка порака против Путин.

„Со своето однесување, Самутсевич, Толокоњикова и Аљохина грубо го нарушиле јавниот ред, спокојството на граѓаните, го прекинале нормалното функционирање на катедралата, покажале непочитување кон посетителите и службениците во храмот и длабоко ги навредиле и понижиле чувствата и религиозната ориентација на православните верници. Тие, очигледно политички мотивирани, се искачиле на малиот простор околу олтарот, со намера да го извршат својот политички чин, присилувајќи и други да учествуваат во него, занемарувајќи го, при тоа, општествениот ред и мир, сквернавејќи го светиот момент на молитва кон Бога и нанесувајќи штета на православните верници кои се наоѓале во црквата“, изјавила судијката.

Панкерките ја отфрлија вината, велејќи дека се работи за чиста политичка акција, насочена против Владимир Путин и прекумерното приближување на Руската православна црква и власта, во пресрет на претседателските избори. Одбраната најави жалба против судската одлука.

Полицијата денес, пред зградата на судот, уапси околу 60 луѓе кои ги поддржуваат Pussy Riot, меѓу кои беа и опозиционерот-шахист, Гари Каспаров, и левичарот Сергеј Удаљцов. Шаховскиот велемајстор Каспаров, при неговото приведување, го гризна полицаецот. Московската полиција соопшти дека подготвува материјал за инцидентот, објави Итар-Тас, повикувајќи се на прес-службата на московската полиција.

Да потсетиме, случајот на музичарките од Москва предизвика бројни критики од западните поп ѕвезди, но и ја подели Руската православна црква. Обвинителите барале казна од три години, проценувајќи дека трите обвинети треба да бидат „изолирани од општеството“. Некои медиуми објавија дека членките на бендот би можеле да бидат испратени во работни логори или во т.н. казнени колонии, каде ги чекаат најлошите затворски услови за жените и каде ќе ги споделуваат бараките со повеќе од сто други затворенички.

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека, според него, групата која во февруари, во најголемата московска црква – црквата на Христос Спасителот, отсвирела панк молитва против него, не треба да добие строга казна поради тој инцидент.

Главната пејачка на бендот, Надежда Толокоњикова, судењето го спореди со репресиите од ерата на диктатурата на Сталин и предупреди дека рускиот политички систем ита кон колапс. Толокоњикова, обраќајќи му се на судот минатата недела, изјави дека судењето претставува „политичка наредба за репресија, која потсетува на стандардите на сталинистичките методи“, алудирајќи на специјалните брзи судови на советскиот диктатор. Таа, исто така, изјави дека, заедно со другите две обвинети, Марија Аљохина и Екатерина Самутсевич, се чувствува беспомошно пред државата.

Судењето побуди голем интерес, како во Русија, така и во меѓународната заедница. Голем број меѓународни организации, веќе со месеци, ги повикуваат руските власти да се откажат од процесот и од строгото казнување на женскиот бенд. Бројни познати личности ги поддржаа Pussy Riot, како што се Мадона, Пол Мекартни, актерот Дени де Вито идр.

Во многу европски и светски градови се закажани протести заради исходот на судскиот процес против руските панкерки Pussy Riot.

Извор: www.b92.net

Конечно еден текст во кој не

Конечно еден текст во кој не пишува за "пуси рајот" wtf?!?!
Зарем на никого не му пречи вукокараџиќовиот начин на пишивање на туѓи имиња?

Мене не ми пречи, како

Мене не ми пречи, како поинаку да се пишуваат, да ни беше официјално писмо латиницата, може и ќе имаше некаква смисла, вака ако е текстот македонски и кириличен, нормално е и имињата да бидат такви, па нека е и „Пуси рајот“, зашто е тоа помалку смешно од Pussy Riot во кириличен текст, изгледа како грешка.

Многу џева за три нестабилни

Многу џева за три нестабилни жени.

Така е другарче оди сеа пушти

Така е другарче оди сеа пушти си Пинк ТВ и кулирај.

имаше едно добро прашање кое

имаше едно добро прашање кое беше поставено во еден коментар на интернет: како ќе поминеа овие „активистки“ ако истото го направеа во некоја џамија? (не мора џамијата да биде во некоја исламска земја, може да биде и во европска земја, па и русија)

би сакал да слушнам и ваше мислење, (р)окнаши!

Абе пусивист, имаш генијална

Абе пусивист, имаш генијална дарба да го избегнеш очигледното прашање кое се поставува со целава случка. Ама ако се потрудиш може ќе ти светне која е вистината на сето ова: „Pussy Riot го излупаа Путин и неговата идеолошка скаламерија".

Ха ха, што видов на

Ха ха, што видов на off.net:

Руските панкерки од Pussy Riot (нешто како "Распеани скопјани" со муда)...

ОкоБоли главаВицФото