УЕФА ги повика капитените да носат ленти против расизам

24.10.2012 09:08
УЕФА ги повика капитените да носат ленти против расизам

Европската фудбалска унија ги повика капитените на тимовите што учествуваат во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за време на мечевите оваа недела да носат ленти во знак на борба против расизмот.

На тој начин УЕФА се приклучи на кампањата на европската група за борба против дискриминација и расизам во фудбалот ФАРЕ, а на лентите ќе биде испишан слоганот „Обединете се против расизмот“.

УЕФА нагласи дека пред почетокот на натпреварите на видео бимови ќе бидат испишани пораки против расизмот во траење од триесет секудни, додека играчите ќе излегуваат на теренот заедно со мали деца кои ќе носат маици со натписот „Обединете се против расизмот“.

„УЕФА е посветена на борбата против расизмот и на овој начин ги повикуваме сите навивачи да ги почитуваат играчите, официјалните лица, како и навивачите од сите националности, религии, етникуми и сексуални ориентации“, пишува во соопштението потпишано од претседателот Европската фудбалска унија Мишел Платини.

Минатата недела, УЕФА го казни Лацио со 40 000 евра поради расистичко однесување на навивачите на мечот против Тотенхем во Лигата на Европа.

Иницијативата на УЕФА доаѓа откако Англија се пожали дека за време на квалификацискиот натпревар за пласман на Младинското европско фудбалско првенство против Србија во Крушевац, имали навреди на расна основа.

УЕФА поведе истрага против двата тима.

Извор: http://www.football365.com

ОкоБоли главаВицФото