Лавиринт од стакло

16.08.14 14:15

Во мај годинава во Музејот Нелсон-Еткинс, во Градината на уметничка скулптура во Канзас Сити, уметникот Роберт Морис ја октри неговата голема инсталација наречена „Лавиринт од стакло“, која им овозможува на постителите интересна прошетка меѓу стаклени ѕидови. Поради димензиите, бил потребен цел инженерски тим за да се постави инсталацијата, а изработката траела два месеци.

Овој лавиринт со триаголна структура има само еден влез, кој истовремено е и единствениот излез. Формата и материјалот на лавиринтот донекаде го пресликуваат јазикот на модерната архитектура и овозможуваат фасцинантно дезориентирачко искуство.

За секој случај, покрај инсталацијата секогаш има некој од вработените во музејот, кој е посебно задолжен да интервенира во случај некој од посетителите да добие паничен напад.

Извор: www.nelson-atkins.org

ОкоБоли главаВицФото