ИТ Бизнисмен

31.10.2014 10:20
ИТ Бизнисмен

После десетчасовната мозочна тортура пред монитор, со здрвени дланки од мобилните телефони, одлучив да разгледам што има по социјалните мрежи. Се смеев... Сè беше смешно, моите пријатели, моите роднини, моите школски, моите колеги, моето маало, моето гратче, мојата земја... сè беше ненормално смешно. 

На една пропагандна фотографија со изгубени деца во војничка опрема, ставив некаков шеговит коментар... Веднаш почнаа добропознатите реплики и приватни пораки: „Предавник“ , „шпион“ , „богохуљ“, „педер“, „курвар“, „наркоман“... вообичаена работа. 

Но, не поминаа ни 5 минути кога заѕвони телефонот: „Здраво, се јавуваме од штабот број 5...“, тоа беше преку улицата, „ве известуваме, доколку веднаш не го отстраните вашиот навредлив коментар, дека ќе...“ и тука, пред да ви кажам што рекоа, ќе додадам дека после овој повик следуваше и втор, и трет... па затоа само ќе наредам неколку од предлозите: „ќе летате од работа“, „ќе ви ја затвориме фирмата“, „жена ви случајно ќе го изгуби здравственото пред да се породи“, „ќе 'откриеме' хипотека на имотот на вашата баба“, „на твоите ќе им пишеме казна за брзо возење“ - ова беше најсмешно, затоа што моите немаат автомобил. 

Ги слушав. Нормално, сите разговори ги снимав. Откако се стишија повиците, го отворив код едиторот... Утрината имав готова демо верзија.

Отидов во општината:

„Здраво господине градоначалник, јас сум Мемо Кодерски - ИТ Менаџер и Идеја Девелопер во фирмата...“ да ве поштедам од понатамошните дребулии во врска со мојата презентација, како и тоа дека се работеше за апликација која ги синхронизира штабовите и помага околу правописот на пораките, ќе скокнам до моментот пред да си подадеме рака: „Името на интернет апликацијата, а и нејзината десктоп верзија со автоматско воспоставување на повик и испраќање на аудио пораки е: Закани се“.

Слика: Стефанија Микаровска

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото