Автобус на погон на отпадоци од храна и човечки измет

05.12.2014 10:34
Автобус на погон на отпадоци од храна и човечки измет

Иднината на одржливиот јавен превоз можеби лежи во автобусот кој го придвижува гас со две главни состојки - човечки измет и отпадоци од храна - кои, како што се чини, ги имаме и повеќе од доволно. Таканаречениот „Био-Бус“, автобус со 40 седишта кој го користи биометанот како гориво, во моментов може да се види на улиците во повеќе градови во Велика Британија, а би можел да биде најава за „позелен“ и поодржлив систем за јавен превоз.

Биометанот кој го придвижува „Био-Бус“ се генерира од канализацијата и отпадоците од храна (отпад кој не може да се искористи за исхрана на луѓето) и затоа моторот на автобусот создава пониска емисија додека го согорува биометнот, за разлика од конвенционалниот дизел, каде тоа не е случај. Таквиот начин не само што може да помогне во подобрување на квалитетот на воздухот, туку може да придонесе и за развој на поголем број вакви проекти.

„Автобусот јасно покажа дека во човечкиот измет и отпадоците од храната се наоѓаат вредни нутриенти. Остатоците од храната која не е соодветна за исхрана треба посебно да се собираат и рециклираат со постапка на анаеробна дигестија во биоплинот и биоѓубривото, а не да се носат во различни депонии и печки за палење“, вели Шарлот Мортон, извршна директорка на Anaerobic Digestion & Bioresources.

Биометанот го произведува компанијата GENeco со анаеробна дигестија од бристолскиот канализациски систем, а освен како гориво за овој автобус, се користи и во британската национална гасна мрежа во количина доволна за снабдување на околу 8.500 домови. Нивниот погон годишно преработува содржина од околу 75 милиони кубни метри од канализацијта и 35.000 тони отпадоци од храна, ефикасно претворајќи го локалниот отпад во локално гориво.

Треба да се нагласи дека со полн резервоар од овој биогас (еквивалент на годишниот отпад од пет лица) „Био-Бус“ може да помине до 300 километри, а за сега со него се служи единствено автобуската компанија Bath Bus Company.

Извор: TreeHugger

ОкоБоли главаВицФото