Здружение на судии: Ги осудуваме протестите на докторите кои ни ги отстранија рбетите

23.01.2015 14:33
Здружение на судии: Ги осудуваме протестите на докторите кои ни ги отстранија рбетите

Скопје, 23 јануари 2015

Здружението на судии на Македонија ги осудува протестите на докторите кои систематски веќе неколку години им ја вадат срцевината во нивниот р’бетен столб, потенцирајќи дека ова најмногу се забележува во случајот со новинарот Томислав Кежаровски.

Управниот одбор на Здружението на судии денеска расправал по повод систематската работа на докторите во Апелациониот суд.

„Здружението на судии на Република Македонија ги осудува постапките на докторите, без разлика што тие сами дале право истите да бидат спроведени. Тие истакнуваат дека нивната ситуација може единствено да се преиспитува во судска инстанца и непримерно е да се попречува работата на судовите. Притоа се користи улична демократија за промена на одлуки кои и тие што протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институциите и во судот.

Здружението на судии на Република Македонија апелира во случајот Кежаровски да не се користат навреди и омаловажувања на судовите и судските одлуки, особено што ова не е прв пат, а Здружението веќе има реагирано на непримерните протести и вокабуларот на омраза што се шири на протестите“, стои во соопштението на Здружението на судии, потпишано од претседателот Николчо Николовски.

Извор: brejking.net