Десет необични сексуални практики

26.02.2010 12:46
agalmatofilia.jpg

Отсекогаш со поимот секс оделе придавките: неморален, незаконски, божествен дар, природен, забавен, возбудлив... Но отсекогаш го следела и придавката – необичен.

За оваа прилика, без никаква желба да осудуваме, морализираме, вреднуваме или коментираме, издвојуваме десет сексуални практики кои покрај придавката „необични“ би можеле и да ја понесат придавката – „бизарни“.

Иако овие практики на многумина може да им изгледаат чудно, луѓето околу нас ги обожаваат. Сите ќе се согласат со следново – од психолозите па сè до обичните луѓе: факт е дека сè е во ред сè додека не им штети на другите. А љубовта, искажана на разни начини, сигурно не наштетува.

Агалматофилија

Агалматофилија е вид парафилија (сексуална склоност кон нешто што се смета невообичаено) која ја опфаќа сексуалната привлечност кон скулпурите, статуите, куклите од излозите или сличните фигуративни предмети. Оваа склоност може да ја вклучува желбата за остварување сексуален контакт со споменатите објекти, но главно се сведува на сексуални и несексуални фантазии, како што се измислените средби со неживи предмети, заљубување во кукли или фантазии во кои живото човечко суштество се претвора во објект. Близок поим до агалматофилијата е пигмалионизмот, т.е. заљубеноста во предметите кои некоја личност сама ги создава.

Нјотаимори

Практика на нјотаимори (во превод од јапонски – прикажување на женско тело) е честото конзумирање суши од женското тело, обично сосем голо. Поимот нантаимори се однесува на слична практика во која храната се служи на голо машко тело. Овој сексуален фетиш е подвид на т.н. „игра со храна“, односно, сексуална практика во која храната игра важна улога. Еден од резултатите на служењето суши на ваков начин е и загревањето на храната на температурата на човечкото тело, која се смета за идеална за конзумирање. Личноста која ќе реши да стане „жива чинија“, тренира неподвижно лежење и по два часа и мора да биде способна да ја поднесе изложеноста на студена храна. Срамните влакна на телото мораат да бидат отстранети бидејќи во спротивно тие може да означуваат некаков вид на сексуален чин. Пред послужувањето, личноста на чие тело се става храната, применува посебен вид на бањање со непарфемирисан сапун, како и туширање со студена вода за да се спречи потењето, а и телото да се олади за сушито.

Ponyplay

Ponyplay е вид еротско робување во кое едниот партнер е пони, а другиот јавач. Pony фетишот обично е придружен од кожени ремени, седла, узди, како и топка која го спречува затворањето на коњската уста. Понекогаш јавачот користи камшик за дресура или количка која е влечена од понито. Главен мотив во играњето животински улоги е доброволното или принудното намалување на статусот од човек во животно. Слични практики на оваа се и candis (преправање во кученце или волк), felines (мачка или лав) и equines (пони или коњ).

Канибалистички фантазии

Овој вид сексуална фантазија не се спроведува до крај туку се задржува на ниво на игра. Во неа едната личност игра храна, најчесто месо, кое втората личност или повеќе личности ја подготвуваат за јадење. На интернет страницата на еден од мајсторите на канибалистичка фотографија (www.mukiskitchen.com) се наоѓаат голем број фотографии од женски модели кои лежат во садови со овошје или зеленчук, со јаболки или моркови пикнати во устите. Исто така, изгладнувањето, врзувањето, затнувањето на устата, вагиналната или аналната пенетрација можат да бидат вклучени во оваа практика.

Псевдонекрофилија

За разлика од вистинската некрофилија, псевдонекрофилијата е дозволена и – многу едноставна. еден од партнерите е целосно мирен и неподвижен додека вториот има сексуален однос со него. За да се засили ефектот, псевдо-мртвиот партнер понекогаш лежи во студена вода пред сексуалниот чин. Овој необичен вид сексуална практика беше тема и во една епизода на серијата Law and Order: Special Victims Unit.

Салирофилија

Салирофилија е фетиш или парафилија која вклучува еротско задоволство кое се постигнува со валкање на личноста која е предмет на желба, а најчесто тоа се исклучително привлечните личности. Овој фетиш може да подразбира и кинење или оштетување на нивната облека или покривање на нивната облека, коса или шминка со кал или некој друг вид на нечистотија. Салирофилијата не подразбира нанесување штета или повредување на друга личност, туку само повреда на нивниот изглед. Понекогаш се искажува на тој начин што лицата на познатите и славните се прскаат или целосно се прекриваат со боја. Салирофиличарите ваквиот чин не го гледаат како вандализам, туку како сексуална возбуда.

Мумификација

Мумификацијата подразбира контрола врз телото на некоја личност на начин кој не е штетен по неа. Оваа практика се состои од завиткување на нечие тело од глава до петици со завој, најлони, кеси, еластични завои, гумени ленти, разни видови ткаенини или платна. Крајниот исход е целосно завиткана личност која изгледа како египетска мумија. И дека личноста која ја врши мумификацијата постигнува задоволство во контролата над нечие тело, другата личност доживува задовололство во фактот дека е контролирана. Според статистиките, кон овој фетиш најчесто се склони лицата кои работат на високи и одговорни положби, па зависноста од другите им служи како олеснување.

Автопедерастија

Тоа е речиси невозможен чин на уфрлување на сопствениот пенис, кој е во полна ерекција, во сопствениот анален отвор. Само мал број луѓе можат да го постигнат ова. Покрај оваа практика, постојат уште и автофелацио (кога мажот сам себе си пружа орален секс) и автокунилингус (кога жената самата себе си пружа орален секс).

Еметофилија

Оваа практика уште е позната и како еротско плукање. Иако зборот еротика не оди често во склоп со зборот плукање, еметофилијата ги обединува. Како и да е, обата збора подразбираат излачување хормони кои придонесуваат личноста да се чувствува подобро. Постои и практика која се нарекува Римско туширање, која подразбира некоја личност да прифати да биде прекриена со плунка.

Тератофилија

Тератофилија е сексуална привлечност кон лицата со телесни деформитети. Еден од облиците на тератофилијата е акротомофилијата – склоност кон личностите со ампутирани екстремитети.


Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото