Зошто Груевски се сретнува со Американците и зошто Американците се сретнуваат со Груевски?!

21.04.2015 09:25
Зошто Груевски се сретнува со Американците и зошто Американците се сретнуваат со Груевски?!

Сашо Ордановски го прашува премиерот: зошто неделава во Скопје се сретнавте со високи претставници на американската администрација, кога наоколу тврдите – преку целата своја пропагандна „ергела“ – дека САД е земјата што со својата, кон нас, непријателски настроена тајна служба, стои зад прислушувањата во аферата „Пуч“ и го користи „предавникот“ Зоран Заев за уништување на Македонија?

Прашањето е повеќе насочено кон форматирањето на новите вредносни ориентации на општеството отколку кон Груевски, затоа што и на Ордановски му е јасно дека рационалностите што се содржани во прашањето или неговите морални и политички димензии, не можат да ги пробијат психопатските канали околу белата кула на премиерот!

Јас, меѓутоа, би ги прашал Американците: зошто се сретнуваат со вршителот на должноста премиер на Република Македонија и зошто му дозволуваат да ги игнорира или изигрува американските иницијативи и да ги искривува до крајни граници стратегиските интереси на државата и на граѓаните на Република Македонија, насочени кон целосна и безрезервна интеграција во европските и евроатлантските интеграции! Зошто си дозволија да толерираат и на моменти да поддржуваат еден антиамерикански и антизападен режим, спротивен на здравиот разум, криминален до срж, културоциден, зошто дозволија групите и поединците кои беа и сè уште се идејно, политички и вредносно посветени на западната идеја за демократијата, пазарното стопанство и човековите права, да се почувствуваат изневерени и маргинализирани, запоставени, во конкуренцијата со една чипирана четиричлена банда која во Америка, збирно, би добила 1.450 казни доживотен затвор!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Ковачевски