Цинизми за љубовта (3)

07.05.2015 09:47
Цинизми за љубовта (3)

Смеење

Не се исплати да бидеш духовит со жените бидејќи многу повеќе се смеат кога ги скокоткаш.

Филип Бувар


Пикантност

Ако љубовниците ти се досадни, омажи се, тоа ќе им даде на пикантност.

Жан Ану


Убавина

Убавина. Моќ која на жената ѝ овозможува да маѓепса вљубен маж и смртно да го преплаши својот маж.

Емброуз Бирс

Присутност

Допирот на жената е прекрасен, а нејзината присутност неподнослива.

Албер Генон


Единственото заедничко

Единственото заедничко што го имаме мојот маж и јас е што сме венчани на ист ден.

Филис Дилер


Непознавање

Не сте запознале некоја жена сè додека не сте ја сретнале пред судија.

Норман Мајлер


Порота

Се оженив пред судија. Требаше да барам порота.

Гручо Маркс


Испразно искуство

‒ Сексот без љубов е испразно искуство.
‒ Да, но од испразните искуства тоа е најдобро.

Вуди Ален


Мастурбација

Не зборувајте лошо за мастурбацијата. Конечно, тоа е начин да водите љубов со некој што навистина го сакате.

Вуди Ален


Страдање

Сакањето е страдање. За да се избегне страдањето, треба да не се сака. Но потоа се страда поради несакањето.

Вуди Ален


Кејф

‒Што правевте пред да се ожените?
‒Правев што ми е кејф.

Марсел Жухандо


Краставче

Првиот бакнеж што се добива од некоја жена е како првото краставче што се извлекува од стаклена тегла. Другото си доаѓа само по себе.

Марк Твен


Двајца не се доволни

Двајца луѓе не се доволни за среќен пар.

Лео Кампион


Љубовник

Жена која има љубовник е ангел, жена која има двајца љубовници е чудовиште, жена која има тројца е жена.

Виктор Иго


Заедно

Не можеме со жените, но ни без нив.

Лорд Бајрон


После

По љубовта десет проценти од мажите се вртат на својата десна страна и заспиваат, а десет проценти го прават истото вртејќи се на левата страна. Другите се облекуваат и се враќаат дома.

Франсис Бланш


Првиот

Првиот кој прозборува по водењето љубов, кажува глупост.

Анри де Монтерлан


По љубовта

По љубовта сепак сме малку помалку глупави.

Жил Ренар


Поднесување

Ги поднесував неверствата на својот маж сè додека го сакав својот љубовник.

Марсел Оклер


А првиот кат?

Прашање упатено кон вториот кат со кое се проверува дали е слободен првиот.

Алфонс Кар


Да не се зборува

Бакнежот во уста е измислен за љубовниците да не зборуваат глупости.

Тристан Бернар


Бакнеж

Тоа залемување на две цевки за варење.

Алберт Коен


Ерген

Ергените ги познаваат жените подобро од оженетите мажи; инаку би се ожениле.

Тристан Бернар


Предноста на ергенот

Предноста на ергенот е што кога ќе види некоја убава жена не мора да жали зашто дома има една грда.

Марсел Оклер


Дедо

Да се биде дедо воопшто не ми е непријатно. Незгодно ми е, меѓутоа, што сум оженет со една бабичка.

Гручо Маркс


Вдовица

Весели вдовици настануваат од тажни сопруги.

Анри Бек


Вдовец

Вдовците плачат по задоволството што го имале кога ги мамеле своите жени.

Роберт де Монтескје


Добро воспитан маж

Добро воспитан маж живее кај својата љубовница, а умира кај својата жена.

Анри Бек


Заедница

Сите мажи се лажливи, несигурни, фолиранти, дрдорливи, лицемерни, охоли или кукавици, достојни за презир и похотни; сите жени се перфидни, лукави, суетни, љубопитни и расипани (...), но постои на светот една света и возвишена работа, а тоа е заедницата меѓу тие толку несовршени и грозни суштества.

Алфред де Мисе

Кон првиот дел
Кон вториот дел

Подготвил: П. В.
Слики: Brian Kershisnik

ОкоБоли главаВицФото