Бесплатно преземете го албумот на The Protagonist

24.07.2015 11:34
Бесплатно преземете го албумот на The Protagonist

 "No Exit Museum", долго очекуваниот албум на бендот The Protagonist е достапен за бесплатно преземање преку официјалната веб страна на бендот: www.theprotagonistofficial.com 

Покрај музичкиот подарок, достапен е и дигиталниот буклет каде ќе ги најдете сите текстови од песните и комплетното инфо за целиот процес на создавање на „No Exit Museum“. Албумот е напишан, продуциран и миксан од „Протагонист“ и мастериран од Сајмон Хејворт во Лондон, продуцент кој работел со Ник Кејв, Мајк Олдфилд, Брајан Ино, „Депеш мод“, „Симпл мајндс“ и многу други.

Материјалот на No Exit Museum (Ноу Егзит Музеум) е еклектична целина, тематски поделена на два дела. Првиот дел се занимава со вселенски аспекти додека вториот е приземен и ги обработува социјалните моменти на нашата Планета. Лирично албумот е исполнет со суштина на темите кои поседуваат широк спектар на експресија. Музиката широка, специфична и комплетно оригинална. Звукот комбинира електроника и аналогна топлина, допоплнета со разнобојни гитарски линии, која со продорниот, мелодичен и емотивен вокал комплетира едно уникатно дело, што ги надминува локалните и регионалните стандарди на квалитет.

„Ние најпрвин правиме музика која содржи универзални теми. Не користиме фолклор туку правиме нешто кое дирекнто има врска со времето во кое живееме и иднината отсекогаш не возбудувала. Така пристапот ни е сосема специфичен. Сите се добродојдени и ние нема да ги убедуваме, оние што ќе потрошат неколку часа самите ке се убедат…” вели Р.С.Раш

The Protagonist, eден од најпрогресивните македонски состави веќе е во студио и работи на нов албум, чии први песни треба да ги чуеме на есен. До тогаш, симнете го No Exit Museum и проверете зошто два сингла од албумот (Hyperreal и Atom From The Sun) се најдоа на ЕмТиВи Адриа топ 20 листата, а не останаа ни незабележани од хрватското издание на Ролинг Стоун, чија критика напиша: "во нивната работа се чувствува свежина и квалитет на искуство кое содржи страствена креативност".

 

 

ОкоБоли главаВицФото