„The Joshua Tree“ полни 25 години

12.03.2012 13:08
„The Joshua Tree“ полни 25 години

Минатата година албумот „21“ на Адел се продаде во неброени примероци, и голем број композитори и текстописци почнаа да се преиспитуваат, обидувајќи се да сфатат што се случило и зошто е тоа така. Мојата теорија е дека за првпат, по подолго време, еден студиски албум звучи како колекција од најголемите хитови, и лесно е да се претпостави дека и по 20 години песните од овој албум сѐ уште ќе се вртат на радио-станиците.

Низ годините сум слушнал неколку студиски албуми кои ја поседуваат таа посебност, меѓу кои спаѓаат доста разновидни албуми како „Hysteria“ на Def Leppard, „Bad“ на Мајкл Џексон, „Fearless“ на Тејлор Свифт (Taylor Swift), (последен пред „21“ на Адел). Половина од песните од првиот албум на The Killers, беа најголеми хитови, но со текот на времето тие го загубија моментумот. И се разбира, тука се и U2, кои во оваа категорија имаат четири-пет албуми. Најпознатиот од нив е „The Joshua Tree“, албум кој годинава полни 25 години.

Чудна е помислата дека на U2 им требаа помалку од пет години од певливата искреност на „The Joshue Tree“ да преминат на едноличен и саркастичен денс-поп присутен во „Achtung Baby“, но токму тоа се случи. И можеби тоа се случи затоа што U2 направија сѐ што се очекуваше од еден огромен и искрен рок бенд во „The Joshua Tree“, а потоа мораа да тргнат во една преиспитувачка голгота која ги одведе до срамниот и „напумпаниот“ блузерски експеримент „Rattle&Hum“, и најпосле стигнаа и до „Achtung Baby“, при што големата промена не им успеа. U2 веќе беа голем бенд пред да го снимат „The Joshua Tree“, а претходните обиди „War“ и „Unforgettable Fire“ веќе звучеа како колекции од хитови. Веќе имаа работено со продуцентскиот тандем, Брајан Ино и Даниел Ланоа.

Тие веќе имаа направено еден куп песни кои ќе останат уште долго на плејлистите со рок-класици и ќе нè надживеат. Но, „The Joshuа Tree“ претставуваше префинет сублимат на целиот нивен претходен труд. Ја тргнаа настрана „хуманитарната“ театралност, фатија сензитивен бит и за првпат зазвучеа доста посмирено и самоуверено. Тие доста опуштено го „зачинија“ албумот со посвета на веќе „излитената“ тема Америка, но затоа Американците ги наградија со 10 милиони продадени примероци.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Лесно е да им се потсмевате на U2 за нивните месијански тенденции, тенденции кои се провлекуваат низ целиот албум, но како конечен производ, албумот тешко дека може да добие лоша критика. Воведните песни („Where The Streets Have No Name“, „I Still Haven’t Found What I’m Looking For“, „With Or Without You“, „Bullet The Blue Sky“) се безвременски, но и останатите песни од албумот не се помалку квалитетни. Песната „Trip Through The Wires“ е барска рок-химна со труби и со усна хармоника, каква што на времето знаеја да направат само Спрингстин и можеби Меленкамп, и таа е одличен показател зошто бендот почувствувал дека може да направи албум со експерименти а ла BB King, присутни во „Rattle & Hum“. „Exit“ претставува напрегнато цвилење и за нијанса се надминува себеси.

Your browser is not able to display this multimedia content.

„Mothers Of The Disappeared“ е еден од најубавите, најволшебните мигови од оваа албум-сликовница преполна со такви мигови. Боно пробува да држи говор во „Bullet The Blue Sky“, но на крајот сепак повеќе звучи едноставно и месијански отколку смешно.

Големата стилска промена овде не е толку изразена, затоа што бендот звучи како сè да им е достижно. Станува збор за бенд кој во тој даден момент не знае за грешка, и во тие 50 минути од албумот немаат ниту еден единствен пад во формата. Тоа е навистина нешто големо. И до ден-денес овој албум е главната причина што бендот заработува ненормално од гигантски стадионски концерти. Секоја чест.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Па, која е вашата омилена песна од The Joshua Tree? Или, пак, вашето омилено сеќавање од албумот? Дали песната „With Or Without You“ ве потсетува на моментите на Рос и Рејчел од „Пријатели“ или ви значи нешто повеќе? Или можеби помислата на Рос и Рејчел е доволна?

Извор: stereogum.com

Почна со Адел, низ Килерс,

Почна со Адел, низ Килерс, заврши со У2...каша попара!

ОкоБоли главаВицФото