Редизајн на омоти од екс-ЈУ плочи

13.08.2015 02:26
Редизајн на омоти од екс-ЈУ плочи

Зоран Кардула е дипломиран електроинженер кој со графички дизајн се занимава веќе 15 години, работи како дизајнер во агенцијата „Публицис“ од Скопје, а паралелно е посветен и на сликарство и тоа повеќе од 25 години. Досега учествувал на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“, каде бил и финалист. Минатиот ноември имаше изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во Минеаполис, САД.

Пред извесно време, на Окно ги претставивме неговите редизајнирани логоа и рекламни постери на познатите југословенски брендови. Сега овој дизајнер повторно му се навраќа на југословенскиот графички дизајн, но овој пат редизајнирајќи омоти за плочи.

„Покрај убавите дизајни на производи и реклами од Југославија, сакав да презентирам и мал дел од големата и убава колекција на југословенски винил плочи. Некои од плочите што ги избрав не беа многу популарни, но имаа многу убав дизајн. Направив помали или поголеми интервенции во дизајнот, но оригиналната идеја и дизајн останаа непроменети. Го искористив дизајнот на плочите за да ги направам овие постери, со цел да им оддадам почит на дизајнерите за одличните дела што ни ги оставиле“, вели Зоран Кардула.

Извор: Boredpanda

ОкоБоли главаВицФото