Ловец

26.11.2015 22:00

Често, кога тетивата
ќе ја потпрам врз увото,
ја натегам
и ја пуштам стрелата -
не паѓа ниту еден ѕвер,
но низ целото мое битие
струи наслада од лов.

Понекогаш
цел на видикот нема,
а ни стрела со лак.
Но јас несвесно
ја затегам тетивата:
не гаѓам, а сепак кој знае каде
погодено е некое срце.

Препев: П. В.

Сачинанд Хирананд Ватсјајан (Saccidanand Hirananand Vatsyayan Ajney, 1911-1987), популарно познат под неговиот псевдоним Ајнеј (или Агеј - Непознатиот) е индиски поет, зачетник на модерните трендови не само во поезијата на хинду јазикот, туку и во областа на белетристиката, критиката и журнализмот. Тој е еден од највидните претставници на Nayi kavita (Новата Поезија) на хинду. Постојано патувал и низ Индија и во странство. Меѓу 1961 и 1964 година предавал на Беркли, во Калифорнија. Во 1965 година се враќа во Индија и станува уредник на тамошното списание Dinmaan. Во 1968 година заминува на патување низ Европа, па одново професора на Беркли, па во Хајделберг...

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото