Неуспехот на еврото во десет лекции

12.05.2010 10:10
euro.jpg

Грчкиот проблем кој се надвисна врз ЕУ, која наспроти сопствените правила е принудена да преземе голема операција на поддршка ни нуди цела низа лекции за еврото и за неговата иднина.

ЛЕКЦИЈА БР. 1: Да не се радуваме прерано. Кон крајот на 2009 година уште беше славен големиот успех на еврото. Земјите на еврозоната, наводно, благодарение на еврото добро ја пребродија кризата. Само неколку месеци подоцна испадна дека една мала земја е во состојба со својот пад да го повлече и еврото. И после операцијата за поддршка, финансиските пазари остануваат нервозни. И – одеднаш изгледа дека еврото е слабо и дека има ограничен рок на употреба.

ЛЕКЦИЈА БР. 2: За еврото се плаќа висока цена. Прифаќајќи ја заедничката монета, земјите од еврозоната од раце ги испуштија важните политичко-управни инструменти. Доколку драхмата сè уште постоеше, Грција ќе можеше да помине поевтино (со девалвација на сопствената монета), би можела да ги менува сопствените каматни стапки и да води самостојна буџетска политика. А и во Холандија еврото ги ограничува политиките.

ЛЕКЦИЈА БР. 3: Монетарната унија не може да функционира беа силна политичка унија. Политичката унија е гаранција за довербата во монетата. Се покажува дека ЕУ ја нема таа доверба. Срамно е што за оваа операција на поддршка и’ беше потребна помошта на ММФ.

Би било незамисливо САД да побараат помош од некоја меѓународна организација за да го решат проблемот на долгот на својата сојузна држава Калифорнија. Токму како и САД, и на Европската унија и’ е потребна централна влада која може да принуди исполнување на договорот и да собира даноци за да ја одржува рамнотежата меѓу разни региони (држави). Сосема е неверојатно дека би можело да се дојде до таква влада, зашто Германците и Французите никогаш и никако нема да дозволат да изгубат толкав дел од својот суверенитет. Тоа предизвикува, на крајот на краиштата, еврото да биде нефункционално.

ЛЕКЦИЈА БР. 4: Европската централна банка е во потчинета положба. Вистинските проблеми мораат да ги решаваат политичките водачи. Сепак, проблемот на еврото е од политичка природа. На крајот на краиштата, моќта лежи во рацете на момците кои тргуваат на финансиските пазари. Тие одредуваат дали политиката е во ред или не.

ЛЕКЦИЈА БР. 5: Еврото е добро за екстремно неолиберален поредок. Европејците своевремено енергично протестираа кога Чиле ја примени неолибералната политика на Милтон Фридман. На ова може да се гледа како на немилосрдно одземање на дрогата, зашто при таква политика, во тешки времиња, владата нема меко срце, туку ги намалува давачките, ги зголемува каматните стапки и ја прифаќа големата невработеност за да постигне намалување на надниците и платите. Во сето тоа, посиромашните слоеви стануваат жртви. ЕУ денес, во заедница со ММФ, на Грција и’ ја наметнува токму таа политика, која е сурова и недостојна за Европската унија.

ЛЕКЦИЈА БР. 6: Не станува збор за солидарност во рамки на Европа. Североноевропјеците сфатија дека Грците, а со нив и другите јужноевропејци, се мрзливци и дека не може да им се верува, па според тоа и треба да седат во кашата што сами си ја заматија.

Тука нема нијансирање. Замислете пратениците на провинцијата Јужна Холандија сосема да ја зафркнаа работата. Па, зарем поради тоа сите жители на таа провинција би морале да страдаат? Сигурно дека не. Но, сепак, сега не станува збор за сочувство кон обичниот Грк. Како на другите во Европа да нема што да им се замери? Како никој да не знаеше како стоеја работите во Грција тогаш кога и’ беше дозволено да стане членка на еврозоната.

ЛЕКЦИЈА БР. 7: Подготвеноста на Германците за солидарност има граници. Германците дури сега, со натегнување, и’ излегоа во пресрет на Грција. Дали ќе го направат истото ако и на Шпанците им биде потребна помош? А што ако и Французите паднат во неволја? Германците еднаш ја испуштија марката од раце за да ја обединат државата. Но, ќе дојде време кога на Германците оваа цена ќе им се покаже како превисока. На пример, тогаш кога инфлацијата ќе излезе од контрола и ЕУ повторно ќе ја покаже својата немоќ.

ЛЕКЦИЈА БР. 8: Банкарите повторно се извлекуваат од проблемите. Првата цел на оваа спасувачка операција е да се пречи цела низа банки да станат жртви на грчкиот банкрот. Не дај боже банкарите да бидат казнети за ризиците во кои самите се впуштиле. Банкарите толку добро заработуваат со помош на своите уцени што земјите од еврозоната не би можеле да го поднесат нивниот банкрот.

ЛЕКЦИЈА БР. 9: Еврото е идеологија. Пред сè затоа што од неговото воведување се сметаше дека тоа е единствената можност. Наводно – немаше алтернатива. Иако цела група економисти укажуваа на сценариото што сега се случува, нивните ставови никогаш не беа земани предвид.

ЛЕКЦИЈА БР. 10: Гулденот и понатаму останува поубава монета, особено неговите банкноти. Но, тоа и така сите го знаевме.


Арјо Кламер е професор по економија и шеф на Катедрата за економија на уметноста и културата на Универзитетот Еразмус во Ротердам. Еден е од 100 економисти кои беа против воведувањето на еврото.


Извор: Volkskrant

 Проблематично - прво авторот

 Проблематично - прво авторот е евроскептик и нормално да се држи до истата идеј, НО, уште поважно, од седми мај до денес се случи кризниот евро фонд од 750 милијарди евра. Тоа не го зема предвид, а најверојатно е голем успех - прво е систем за заштита и на земјите и на ЕУ од вакви хаварии, и второ е ОГРОМЕН чекор кон федерализација на ЕУ.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото