Збор со дупче во средината

24.07.2016 15:37

Беше проѕирен тој збор, толку
што низ него можеше да се види другиот брег,
еден од оние зборови што имаат дупче
во средината, среде своето значење,
а работ одоколу – брич, чисто сечило,
на кое внимателно мора да се смести зеницата,
никогаш преблизу до трепетливиот желатин на окото,
токму толку за лесно да го ороси
буњуеловскиот зев, позајмен од кланицата за крави,
за благо да се замагли погледот кон другиот брег,
после тоа зборот полесно може да се има на ум
или да се заврти меѓу прстите и да се фрли во воздух
спирално, дур не се претвори во шуплива паричка,
тој збор никогаш не бил невин,
во својата полна сила би можел со својата острица
сè да допре, насекаде да се устреми,
тој збор мора да се држи во послушност,
најстрого да се зароби со сопствениот поглед!

Оригиналната песна

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото