Приведување на пејзажот

27.07.2016 15:34

Опишувајќи ја пламено чистата боја на планинското цвеќе,
со прсти што постојано удираат по едни та исти букви,
во некоја друга песна насетив како свитливите
изданоци од мојата рака тој опис поверно би го направиле со четкичка,
нанесувајќи го поленот врз некоја понежна подлога,
сè додека дланките и табаните не ми го посакаат токму тој цвет,
тлото од кое расте неговото стебло, дури тогаш
би ја пропешачила својата слика во зеницата, својата песна
би ја засадила в градина, провлекувајќи венечни ливчиња низ чинелите
од жолти стапчиња, на невидено, долж избрусената искра
на нервите, ќудливите струи што ја оплакуваат секоја ќелија,
со окното скржаво за брзата сенка на стражарот, прашувајќи се
секогаш одново треба ли едноставно да се вшета во тој
надворешен пејзаж што мами или да се влезе во скриениот
внатрешен круг, впишан во надмената постелка на умот,
кој толку упорно се потсмева на сопственото заробеништво,
очекувајќи го, некаде во тилот, зад оклопот од коса, кожа,
коски, ионака неизбежното приведување на истиот пејзаж

Весна Бига (1948), хрватска писателка и поетеса. Долги години има статус на слободен уметник. Член е на Друштвото на писатели на Хрватска и на хрватскиот ПЕН. Објавила тринаесет книги проза и поезија. Нејзините дела се преведени на англиски, италијански, руски, украински, словенечки, македонски, турски, есперанто; објавени се во бројни списанија и застапени во различни прегледи и антологии.

Оригиналната песна

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото