Смрт во Милано

29.09.2016 11:56

Некои луѓе се злокобно убави
како гласот на Марлон Брандо
како аристократските душевни болници,
како ноќна букова шума,
средновековни тврдини затвори,
како бескрајните салони и писти
на отровните казина.
Дента кога ќе одлучат да создадат
зад себе замрачување на сонцето,
тие ги дерат за Бога своите усни
и заминуваат во темницата
со пленот.

Кога ќе се изедат
се свиваат како мачки
во својата топлина
на згасната свеќа.

Нивните имиња се
вознемирувачки убави
како вечерните ѕвона во Милано
на последниот ден од светот:
Руслана, Нафиса, Хејли,
Даул, Сибил, Белмонте, Мију,
Емброс, Вивека, Џиа,
Џенифер, Чејени.

Превод: П. В.

Дорта Јагиќ (1974) пишува поезија, кратка проза, патописи, есеи, драмски текстови и театарски критики. Од 1999 се занимава со педагогија и режија во аматерски театар. Со години води работилници за пишување поезија и преведување од aнглиски и германски. Нејзини поединечни песни се преведени на дваесетина јазици и се дел на повеќе поетски антологии.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото