Женско писмо

04.09.2017 18:10

веќе беше време на смеѓата пријателка да ѝ го вратам чадорот,
за жал непрочитан.
ја повикав, па отидов во Максимир
и седнав на нечија солза.
чекајќи ја, пуштив низ дупнатите капаци
да ми патуваат нејзините оловни цициња
кои на денот на мртвите ги прибирам под јазик
за после една година да не ми биде дрвен.
најпосле стигна и таа.
ненашминкана а целата ко сварен костен.
на знак на првиот сколовранец
од џебовите ги извадивме жилетите од нашите фраери
и, низ муабет, си ги сечкавме вените кај зглобовите, до зори.
со прсти врз зората напишавме:
да осетам дека сум жива па заспавме.
утрото од сонцето толку студено
се зачади во психијатриските куќички
што и сега нанесуваме црн селотејп преку очите
на нас самоубијците по весници,
                                        библии.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото