Верата на северот

01.10.2016 17:13

Од ѕвездите и од дебелиот светилник се рони
мраз. Има остар вкус по прашината на творецот.
Во дрвената колиба
седи старата тишина во кожув и пуши.
Човек, метеоролог, лепи кибритчиња и на секое му погледнува в очи.
На масата на Вјачеслав расфрлени се дребулии,
Атлас на облаци,
компас и пожолтен напис за Гагарин.
Вјачеслав,
Вјачеслав Коротки
ја следи брзината на ветрот
седејќи во чунот
кој го направил со сопствени раце
преполн со жолчки
од сонцето кое никогаш не се развило над Арктикот.
Во мугрите ги шири своите кобалтно сини очи
кои го мерат студот како
сила на ноќта. Ги лиже ножевите
како далечните веѓи на својата жена.
Тој е север кој
поверувал дека е човек.

Превод: Никола Кукунеш

Дорта Јагиќ (1974) пишува поезија, кратка проза, патописи, есеи, драмски текстови и театарски критики. Од 1999 се занимава со педагогија и режија во аматерски театар. Со години води работилници за пишување поезија и преведување од aнглиски и германски. Нејзини поединечни песни се преведени на дваесетина јазици и се дел на повеќе поетски антологии.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото