1016 hPa
77 %
17 °C
Скопје - Сре, 15.05.2024 16:00
Во густата населба Клонг Тоеи во Бангкок се изградени неколку фудбалски терени со нестандардна форма и димензии од 105х68 метри.
Изградбата на овие необични фудбалски терени е дел од проектот кој опфаќа формирање серија од игралишта со асиметрична форма.
Целта на овој проект е да ѝ се покаже на локалната заедница, но и на остатокот од светот, дека урбаната неправилна форма може успешно да се трансформира во простор за рекреација.
Проектот е активиран од страна на тајландската компанија AP Thailand и CJ Worx, кои се надеваат дека изведените, но и сите идни игралишта, ќе ги подобрат односите меѓу луѓето во заедницата.
Извор: supermodulor.mk