Боли глава

Анџелина и јас

Она што го објави еден дневен весник за мојата реконструкција на насловната страница е рам­но на наводното исчезнување на Анџелина Џоли што го објавија не­кои електронски медиуми.

Трајко Славески, министер за финансии

03.07 2009
ЖИТНО ПОЛЕ СО ЛУДИЛО

 Нè тераат, не само Грците туку и Европејците и Американците сосе фамозниот НАТО да се откажеме од името што го имаме со векови и милениуми како личен судбински крст и печат на душата. Тоа сега личи на златното поле од познатата слика на Ван Гог „Житно поле со гарвани“, над кое надвиснало тежок облак од злокобни грабливци. Што е тоа, ако не сурово кршење на човековите права, или попрецизно, како што е тоа во нашиот случај, заговор за геноцид, бришење на идентитетот на еден цел народ. Доведени сме до работ на страшна антрополошка катастрофа, од кој не се гледа друг, освен еден страшен антиутопистички хоризонт на модерната агресивно нарцистичка и антидуховна западна цивилизација.

Ефтим Клетников

27.06 2009
Пет и седум

Петмина министри од партијата на Али Ахмети управуваат со само седум проценти од државниот буџет.

Имер Селмани

22.06 2009
Славо-Турција

Ако сме доминантно Словени, тогаш Грците ќе ни кажат викајте се „Славо-Турција“, „Славо-Пајонија“.
Паско Кузман, идеолог-археолог

20.06 2009
Прикриено огласување

Десетици и десетици немилосрдни критики издржаа оние кои за 100, 200 или 500 евра на студентите им подарувале шестки, а во исто време, да речеме, во мојата земја (Хрватска) не постои ниту еден медиум кој не го негува она што го нарекуваме прикриено огласување. Таа работа го подразбира истиот тип на неморална трговија, но таа работа сепак го доби статусот на премолчана легитимност: ќе ти платам за да пишуваш за мене подобро од што заслужувам.

Виктор Иванчиќ, новинар

18.06 2009
Името и депресијата

Долгото чекање на решавање на спорот околу името влијае депресивно, бидејќи безнадежноста е сè поочигледна.

Имер Селмани

17.06 2009
Зошто црква на плоштад?

Зашто државата и црквата воспоставиле идеална симбиоза. Изградбата на црква на скопскиот плоштад не е ништо друго освен изградба на дуќанче од буџетски пари за потребите на МПЦ, преку кое Црквата денар по денар ќе си ја полни својата каса, а владата ќе добие неприкосновена поддршка и благослов за сите свои проекти.

Коста Балабанов, најголемиот жив познавач на иконите во Македонија (извор: „Сега“)

11.06 2009
Наградно прашање

Ова не е наградно прашања за милион долари: или ги следи комуникациите или има евидентна појава на параноја.

Владо Бучковски, бившиот премиер, проценува дека Груевски го прислушкува СДСМ

10.06 2009
Интеграција

Интеграцијата на Црна Гора во ЕУ има смисла само доколку Европа му се врати на Бога. Европа не почива на христијанските вредности. Ако со влегувањето во Европа го изгубиме чувството за живото присуство Божје во секојдневниот живот, во нашите човечки дела, тогаш ни самите себе си не си требаме, тогаш не ни треба ни Европа. Тогаш ќе личиме на слепци кои паѓаат во иста јама.

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие

03.06 2009
Гости

Дејвид Боуви, но и Фреди Меркјури би можел да дојде.

Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб во емисија на ХРТ одговара кого би сакал да види во главниот град

нема
30.05 2009
Нешто чудно ми се случува

Мислам дека Никола Груевски не знае што му се случува. Како во онаа детска песничка „Никола, Никола, нешто чудно ти се случува“.

Владо Бучковски, пратеник

25.05 2009
10 милиони и кризата

- 10 милиони и не се толку важни.
- Јас мислам дека не сме во криза.

Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар, за А1

11.05 2009
Ако...

Ако не успеам да бидам добар градоначалник,
многу ќе се разочарам од себе.

Владимир Тодоровиќ,
новиот градоначалник
на Општина Центар

нема
09.05 2009
Плачко

Во УЕФА не сакаа уште едно англиско финале на Лигата на шампионите
Гус Хидинк, тренерот на фудбалскиот тим Челзи по испаѓањето на неговиот тим

08.05 2009

Препорачуваме

Истакнати права на гордост

Библискиот народ на својот Творец му се оддолжи со срамно молчење и со една полиуретанска скулптуричка обоена со златна боја за ќунци.

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

ОкоБоли главаВицФото