Планина во Берлин

18.05.2011 14:11
Планина во Берлин

Додека богатите светски градови како Дубаи, Њујорк и Куала Лумпур се натпреваруваат кој ќе изгради највисока и најпрепознатлива зграда во светот, еден германски архитект се сети да осмисли една сосем поинаква икона на главниот град на Германија.

Според неговите визии, над Берлин треба да се извиши вештачка планина висока 1 км, која засекогаш би ја променила силуетата на градот и би станала нов силен берлински белег.

Во својот презентациски манифест, авторот Јакоб Тигес вели: „Над Берлин ќе се извиши The Berg, планина од колосални размери, покриена со снег од октомври до март. Хамбург ќе позелене од завист, гордиот Минхен ќе се засрами поради својата оддалеченост од панорамата на Алпите, а проектантите од блискоисточните земји, искусни во планирањето различни архитектонски утопии, веднаш ќе се зафатат со осмислување на идентични копии од специфичната Берлин-Планина“.

Местото за изградба на новата планина се наоѓа во самата структура на градот, поточно, на местото на монументалниот аеродром Темпелхоф, изграден 1923 г. Некогаш најголемиот аеродром во Европа, Темпелхоф од 2008 г. повеќе не се користи за воздушен сообраќај и е затворен. Одлуката на градските власти да се затвори и целиот сообраќај да се префрли на новиот, посовремен аеродром Шоненфелд, наиде на бројни реакции од страна на незадоволните граѓани на Берлин.

Во април 2008 г. дури беше оддржан и референдум за (не)затворање на аеродромот, но на гласачките места излегоа недоволен брј граѓани, па одлуката за затворање стана конечна. Сега веќе над една година се презентираат, прераскажуваат и се шират идеите за пренамената на аеродромот и новата функција на огромниот простор во релативна близина на центарот на градот. Луксузни клиники, станбени наслеби од висок стандард, уметнички саеми, паркови – ова се само некои од идеите на берлинските архитектонски тимови и политичари.

Но сепак, планот за изградба на The Berg сигурно спаѓа меѓу најоригиналните пристапи за решавање на оваа берлинска урбанистичка дилема. Овој проект наиде на силен одек во архитектонската и останатата јавност, овозможувајќи му голем публицитет, додека тој истовремено ја иронизира современата практика за импресивни заштитни белези на еден град, сосредоточувајќи се на колосалноста на димензиите на идната планина како отелотворување на важноста за решение на функцијата на оваа местоположба во главниот град на Германија.

Иднината на Темпелхоф е неизвесна, а револуционерниот архитект својот манифест го завршува со заклучокот: „Темпелхоф повеќе не е само во мислите на Берлинчани, туку луѓето доаѓаат во Берлин за да (не) ја видат планината“.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Европа
Јавни простори
Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото