Планина, облакодер или хостел

22.06.2011 11:34
Планина, небодер или хостел

Досетливите архитекти од полското студио UGO architecture, за концептуалниот меѓународен конкурс „Bohemian hostel for backpackers“, осмислија доминантна, колосална и малку агресивна градба наречена „Barcelona rock“, а (не)атрактивното решение веднаш се најде на стручните портали и блогови.

Местоположбата на оваа карпеста градба висока сто метри би била центарот на Барселона, а со својот необичен облик таа би постигнала рамнотежа со досегашните препознатливи точки за ориентирање на овој град, црквата Sagrada familia и облакодерот Torre Aggbar Jean Nouvella.

Мега проектот на UGO arhitecture го карактеризира карпестата фасада со која (наводно) оваа псевдо планина-зграда се вклопува во околината. Камениот облакодер е прошаран со зеленило и освен како место за престој на младите туристи од целиот свет служи и како засолниште за птици и своевиден природен надомест за историскиот центар на градот.

Содржините на хостелот, т.н. барселонска карпа, бројат педесет соби, базен, бања, вежбална, кино-сала, паб и помали ѕидови за планинари и алпинисти почетници, додека вистинските професионалци можат да се искачуваат по фасадата на оваа градба.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори
Јавни простори / Европа
Јавни простори
Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото