Смртта на проститутката

30.08.2013 11:46
Смртта на проститутката

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е политичка организација која е формирана со идеја да и се најде на Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација во моментите кога на оваа тоа ќе и затреба, особено во ситуации кога со општо глупирање на јавната сцена некој треба да ја произведе маглата во која ќе избега вмровскиот Мевосек на македонските проститутки!!! На Македонија како проститутка!!!

Тоа значи дека комплетната политичка елита е сватовска структура која на Македонија гледа како на печена кокошка или рудо јагне завртено на ражен, а ако сакаме да бидеме доследни на почетоците од овој текст тогаш ќе кажеме дека стоката гледа на државата како на проститутка на која националната елита и се реди и на крајот ја коле. Полека ја коле, бавно, со турпија, со идеја дека смртта е ништо ако не е бавна и болна!

Опозицијата го врати инфантилниот прајминистер од загубената битка за спас на лудоста, ја изнивелира политичката разлика во моментот кога требаше да ја нагласи и да ја засили, а динамиката на политичкиот процес ја врати на нивото на поразот - тоа е рефлекс кој може да се сфати само со сериозно разбирање на инфантилноста и коруптивноста што се одгледуваат во политичките оранжерии на "Павел Бихаќки"!

Какво хемиско оружје било употребено против авторите и потписниците на Извештајот на Комисијата за настаните од 24 декември!? Мисли ли Обама да реагира на масовното производство на морони во една пријателска земја и во трансформацијата на самата земја во една голема, огромна ненормалност!? Како се случи Груевата понуда да се направи заевистички извештај, да се претвори во груевистички извештај на Заев?! Во ГРУЗАЕВ Извештај за расадите на космичката глупост во Бившата држава на Македионците!!! Оставаат ли овие драматични случувања некакви траги на одговорност во самиот Брисел? Па, хартијата на која е напишан и потпишан Извештајот на Комисијата е толку тенок што кога Филе би сакал да си го избрише газот би си го пикнал средниот прст во шупакот!

Заклучоците не се заклучоци за настаните од 24 декември, не станува тука збор ниту за некаков колку-толку пристоен обид да се забошоти еден сериозен инцидент во името на иднината, туку тука станува збор за јавен отстрел на иднината и на нормалноста, на здравиот разум, од страна на властодржечки зависници и приближени десперадоси, наркотизирани типови и осилени ебиветри во сиви костуми и црвени кравати! Заедно со правото, правдата, институционалноста, за демократијата, да не зборуваме!

Кој разумен во Брисел има образ да го прими овој усран извештај за замачканите криминали на елитата, а истовремено да молчи за притворот на Кежаровски, да речеме. Врз основа на која законска пракса ќе ме судат мене ако утре ми се падне да замижам и да ја силувам Силванева Бонева или Благороднето Дулиќ! Ако решам да се посерам пред таканареченото собрание и во говното да брцнам едно мало по површина, ама големо според симболиката - македонско знаме! Ако му врзам две шлаканици на првиот полицаец! Па, оваа банда потписници, сератори и мочковци би требало во Шутка да лежи 3.231 година ако казната ја сметаме збирно без казната за Надвојводата Шарло, а јас да бидам ослободен за сите дела по сите основи!?

Срам ми е да цитирам. Во чирибу-чириба системот "Борче енд хис компани" утврдиле квалификации и препораки, една општа "преварантска маса", која има за цел на македонските минувачи да им ги ќари парите на Камениот мост на Иднината и да им издаде потврда дека се будали! Извештајот е комбинација од три кибритарки и едно топче од станиол, а ние сме колективна будала која треба да биде среќна што и е дадена можноста да ја заебаваат! Парите ќе ни ги лапнат и вака и така, ама фактот дека имаме можност во еден момент да бираме каде е топчето, под која кибритарка е топчето од станиол, дали е под вмровската кибритарка или е под сдсмовската кибритарка, тоа е задоволство од кое македонската будала има да се стопи, а ако не се стопи ќе го стопат тие. Ако треба и во Вардар ќе го фрлат!

Комисијата препорачува пратениците да не мастурбираат повеќе од двапати во деновите кога Собранието заседава во пленум, да не се мократ микрофоните со плуканки од пратенички возбуди, пратеничките да користат "силуете" влошки со крилца и "обе" тампони, говорите да се држат така што говорниците од опозицијата ќе стојат на една нога, левата, нормално...

Не ми е јасно како ова политичко "свињогојство" може да помине во Брисел. Мислам, сите знаеме за идејата за контрола на ситуацијата, за контрола на стабилноста, за буткање на гомната напред итн. Па, сепак!

Лидерите на Македонската фарма јасно соопштија дека тие потпишуваат еден совршено невалиден документ и дека тоа го прават за да ги задоволат ќеифовите на Брисел кој, во меѓувреме, е набеден дека инсистирал и дури дека ја аранжирал целава говнијада и тоа, пазете сега, со идеја да се откочи тој канализациски вентил и македонските гомна конечно да потечат кон центарот на Европа. Да потечат измамништвото, паланечката итрост, криминалот, дволичноста!

Немам коментар!

Можеби ќе изгледа како предавство, но и јас ќе морам да преминам во редовите на оние што го убиваат македонскиот бик без да го погодат, сеуште, во смртоносната вратна точка. Пишував веќе на таа тема: Македонија, ми се чини, ќе мора да се убие за да се спаси. Во таа смисла, непријателите на Македонија, односно и власта и опозицијата, признавам, се поразумни и поголеми патриоти од мене!!!

За разлика од опозицијата, јас останувам на становиштето дека Груевски е самопретворен во евнух во македонскиот политички куплерај, дека не е во состојба ниту да координира ниту да наметнува политички решенија, дека целата таа приказна околу преродбата и вмрото е исцрпена и дека пред да умреме ќе мораме да се помачиме со формулацијата на нов наратив. А тој може да биде само битката за ослободување од вемерето не како власт односно не само како власт туку како мит и како идеја, како сè! Бихаќка ни даде на знаење дека тие работи не ги разбира, така што ќе мораме да размислиме за некоја друга адреса!

Извор: Глобус
Слики: Свирачиња