ЈСП воведува нова „експертска“ автобуска линија

13.03.2015 20:36
ЈСП воведува нова „експертска“ автобуска линија

Скопје, 13 март 2014

Јавното сообраќајно претпријатие воведува нова автобуска линија која ќе сообраќа од Градски парк до зградата на Македонската телевизија.

По барање на граѓаните Јавното претпријатие ЈСП реши да им излезе во пресрет и да воведе нова автобуска линија. Почетната станица ќе биде од градски парк, наспроти телевизија Сител, потоа преку Злокуќани, со станица кај Канал 5, автобусот ќе ги вози патниците до Качанички пат и постојка кај телевизија Алфа. Од тука, автобусот ќе вози до зградата на Македонска телевизија, која е и последна станица за оваа линија.

Дознаваме дека со ова ЈСП сака да им олесни на бројните провладини експерти, аналитичари и познавачи на состојбите полесно да ги извршуваат своите дневни обврски и да можат да стигнат да гостуваат во повеќе телевизиски куќи во текот на еден ден. Автобуска постојка ќе има и пред кампусот на УКИМ, за некои експерти од таму да не мораат пешки преку улица да поминуваат за да гостуваат на јавниот сервис.

Од ЈСП уверуваат дека оваа автобуска линија ќе функционира сè додека трае политичката криза, а доколку таа се оддолжи можно е линијата да премине и во постојана.

Извор: brejking.net