Контролорите на ЈСП добиваат дозвола да пукаат

02.06.2014 12:16
Контролорите на ЈСП добиваат дозвола да пукаат

Скопје, 2 јуни 2014

Раководните лица во ЈСП планираат да ја заострат контролата во јавниот превоз, па затоа од септември контролорите во автобусите ќе добијат дозвола да пукаат во воздух ако наидат на патник без карта, дознаваат Пара вести.

Според првичните најави, контролорите ќе имаат овластување да испукаат куршум во воздух доколку патникот без билет одбие да го напушти возилото, или ако при излегувањето од автобусот изговори некој навредлив коментар.

„Истражувањата покажаа дека пукањето во воздух има поефикасно дејство од легитимирањето на патниците. Кај легитимирањето е незгодно и тоа што бројни патници одбиваат да ги покажат документите, па пукањето во воздух испраќа многу посилна порака. Првите прогнози покажуваат дека на овој начин бројот на патниците кои се возат шверцерски може да се намали и до 20 отсто“, изјави нашиот соговорник од управата на ЈСП кој сакаше да остане анонимен.

Веќе се појавија и непроверени информации и одредени граѓани преку социјалните мрежи почнаа да шират паника дека контролорите ќе имаат дозвола да пукаат во патниците, што е неточно.

„Патниците не треба да се грижат за својата безбедност поради можното рикошетирање, бидејќи каросеријата на секој автобус може да се пробие без поголеми проблеми“, вели нашиот соговорник од ЈСП и додава дека во двокатните автобуси ќе може да се пука само од горниот кат.

Извор: www.njuz.net