Државен студентски дом: студентите што се жалат се наркомани, хомосексуалци и странски платеници

05.06.2015 11:08
Државен студентски дом: студентите што се жалат се наркомани, хомосексуалци и странски платеници

Скопје, 5 јуни 2015

Државниот студентски дом – Скопје, откако медиумите објавија дека цел месец не работат лифтовите во студентскиот дом „Гоце Делчев“, испрати реакција во која се вели дека дефектот на лифтовите е измислен и дека студентите кои се жалат се наркомани, хомосексуалци и странски платеници.

„Во тек е утврдување на идентитетот на кодошите кои, откако ќе бидат откриени, ќе бидат казнети според законот на МВРО. Студентскиот дом ’Гоце Делчев’ е рај на земјата, и поплаките на таканаречените ’студенти’ се неосновани и лажни. Воедно, би сакале да ја потсетиме јавноста дека тие се наркомани, хомосексуалци и странски платеници кои работат на разнебитувањето на државата и дејствуваат за туѓи интереси и цели“, се вели во нивната реакција.

„По однос на недостигот на храна, исто така известуваме дека се работи за шарена лага, имајќи го предвид фактот дека во дворот на студентскиот дом уште од лани се насадени палми на кои растат банани кои се 24/7 на располагање на студентите“, се вели во дописот на студентскиот центар.

Како што претходно објавивме, студентите кои се сместени во домот се жалат дека повеќе од еден месец се принудени да одат пеш, бидејќи не работат лифтовите во блоковите В и Г.