Зрнца за храната (4): Необични приказни

21.10.2015 11:51
Зрнца за храната (4): Необични приказни

Легендата вели дека Александар Велики им наредил на единесетмината свои најдобри лекари да измислат лек против сите болести.

Го измислиле пилавот.

 

Најголемиот забележан прождрливец бил персискиот крал Дариј. Десет илјади негови луѓе имале само една работа ‒ да патуваат ширум светот за да ги носат најдобрата храна и пијалок на неговата трпеза. За секоја негова гозба биле подготвувани по околу 1000 животни: камили, овци, јагниња, говеда, зебри, газели, ноеви и диви птици.

 

Кинезите веруваат дека секој кој во детството јаде кајсија ‒ ќе стане кукавица.

 

Спрема св. Хилдегарда, најдобар лек против меланхолија е срце од чапја.

Против тврдата столица помага чапјиниот црн дроб.

 

Свежата артичока зацивкува кога ќе се притисне.

Фугу е вид риба, смртоносно отровна, па веќе со самото тоа неодолива за Јапонците. Смеат да ја спремаат само посебно лиценцирани готвачи кои знаат да ги отстранат отровните делови. Учењето за фугу‒мајстор трае и до три години, а сепак, ригорозниот завршен тест го поминува едвај секој трет ученик. Секоја година во Јапонија од труење со фугу умираат по околу 300 луѓе.

 

На дворот на францускиот крал Луј XI дворските дами јаделе главно само супа, од страв дека поради џвакањето тврда храна ќе добијат брчки.

 

Марија Антоанета имала чаши за шампањско според обликот на сопствените гради.

 

Средновековното племство не јадело јагоди оти зрееле премногу блиско до тлото.

 

Јагодата е единственото овошје кое има семки однадвор.
Смоквата е едиственото овошје кое има цвет внатре во плодот.

 

Воздухот сочинува 25% од месото на јаболкото.

А каков ли е воздухот внатре во пиперката?

Во 1523 година во Европа стигнале првите домати. Ги сметале за убави, но отровни, исто како компирот, кој во почетокот го саделе само поради убавиот виолетов цвет.

 

Египетските пастири измислиле единствен начин за варење јајца без оган. Јајцето го ставале во торбичката на чаталот, кого го вртеле толку брзо што отпорот на воздухот би го загреал јајцето доволно за да се свари.

 

Влекнести овошја се праските, кивито, кокосот, бадемот и рамбутанот.

 

Најголемото забележано труење со пестициди се случило 1985 година во САД, кога 1373 луѓе побарале лекарска помош по јадењето на лубеници одгледани на почва третирана со јак пестицид.

 

Зрното на пченицата со мелење се дроби на 20.000 парченца.

 

Лубеницата содржи до околу 1000 семки.

 

Најголемата измерена лубеница тежела 122 кг.

Најголемото јаболко, од 1,85 килограми, измерено е 2005 во Јапонија.

Најголемиот компир ‒ 3,5 кг.

Најголемиот лимон ‒ 5,3 кг.

Според стара чешка легенда, пивото го измислил Радегаст (Сварогче), словенскиот бог на Сонцето.

 

Плутениот чеп треба да биде шест милиметри поширок од грлото на шишето.

 

Ацтеките не смееле да се опијануваат пред да навршат 70 години.

 

Тофу е сирење од соја. Бурманското тофу е сирење од леблебија.

 

Леблебијата е третата најважна мешунка на светот, после грашокот и гравот.

 

Постојат повеќе од 100 сорти на ананас.

 

Во Индија постојат 200.000 сорти ориз.

 

Тартуфите не смеат да се мијат.

 

Грицкањето сирење го намалува ризикот од расипување на забите.

 

Внатрешната страна на кората од банана е одлично средство за намалување на отоци од угризи на комарци. Добра е и за светнување на чевли.

Кон првиот дел
Кон вториот дел
Кон третиот дел

Слики: Clara Peeters (околу 1594–1657)

Приредил: П. В.