Големото чистење

27.10.2015 17:21

Покосив околу куќата,
Гневот и пркосот.
Ги исчистив од себе,
Туѓите траги,
Туѓите талкања.
Од таваницата и непцето ја тргнав
Пајажината на занесите.


Ги исфрлив старите работи,
Старата љубов, злата вештица
Ја истерав низ оџак.
На добрите џуџиња им дадов
Добро срце.

Платеното и преплатеното со воздишки,
Го фрлив во ѓубре.
Ги поткастрив древните ружи,
општите места.

Седнав,
Ги прекрстив нозете и рацете.
Ми зафали од себе.
Ми зафали од небо.

Препев: П. В.

Радмила Лазиќ (1949), една од најзначајните српски поетеси. Досега објавила петнаесетина свои поетски книги и неколку антологии. Основач е и уредник на списанието за женска книжевност ПРОФемина.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото