Љубовна монета

29.10.2015 16:31

Не висам на закачалка
За да ме земеш кога ќе ти се ќефне,
Како кабаница или сламен шешир.


Зависно од тоа
Дали врз тебе грмат или светкаат,
Или ти го пржат и онака вжареното теме.
Врз кое и јас би можела да испечам сешто „на око“.

Но мене повеќе ми е важно твоето месо.
Правењето скара.
Месо крај месо,

Тоа е важечката монета.
Апоени од‒до воздишките „ах“ и „ох“.
Размена на сокови, без зборови.
Без кусур.

Препев: П. В.

Радмила Лазиќ (1949), една од најзначајните српски поетеси. Досега објавила петнаесетина свои поетски книги и неколку антологии. Основач е и уредник на списанието за женска книжевност ПРОФемина.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото