Дороти Паркер ‒ Блуз

28.10.2015 17:54

Несакана. Негалена долго.
Заборавена како алишта на жица.
Ни лудача ни штреберка.
Со рѓосана пица, потстрижено штогоде ‒
Тебе сега те сакам.
Тебе што уште не сум те сретнала.
Облекувам црни гаќички,
Го прекривам сеуште неизлитениот муф.
Ги мачкам усните, ја дотерувам косата,
На штикли се качувам.
Спремна сум за тебе.
Уште само тесен фустан да облечам,
Па да се стаписаш,
Нозете да ти се отсечат,
Кога ќе ме здогледаш таква.
Ќе се сретнеме случајно ‒ намерно
Таму каде што само можам да бидам,
Таму каде што инаку не одат такви ко тебе.
А таков ми треба, таков ти,
Кој веднаш ќе ме поведе кај себе
Знаејќи зошто го прави тоа.
Не ми требаат никакви басми,
Од типот: Си го читала ли тој и тој?
Да ти го пуштам Бах или Џегер?
Се имам наслушнато такви работи,
Како временска прогноза и точно време.
Туку да преминеме на работа:
Ти давам виза
За моето тело ‒ мојата домовина.
Некогаш добро парче,
Ни сега не сум за фрлање.
Кожата однатре ми е кадифена,
Како кај перуника.
Помирисај. Пробај.
Штом ќе ја заклучаш вратата
Притисни ме крај неа,
И почни да ме љубиш
Сè пониско и пониско.
Ако тоа не го направиш, јас ќе го сторам.
Моето до прееска зимско тело
Сега е грмушка полна со диви пчели.
Имам расфрлано сешто.
Но сега го знам она што го знам:
Дванаесет е часот, ме фаќа јанѕа.
Со брзиот годините стигнале
Натоварени со секаков багаж.
Уште романса или две, и понекој флерт,
Па во старудии или антиквитет.
Ти ми требаш шеќеру,
Ти давам шанса.
Притисни, прецртај!
Како креда од школска табла,
Избриши ги дните темни и дните празни.
Тука кајшто сум ставила точка
Допиши што треба.
Отклучај кајшто сум била закатанчена.
Не ми треба никаков пијалак,
Никаква музика, ни бла-бла-бла.
Она што сакам е добро фукање,
Мрак или светло, сеедно.
Го испишувам својот живот час по час.
Ми чуе за приказни, цитати, рефрени...
Кејф ми е да грабам и гребам,
Како онаа мачка на лимениот покрив
Вжарен од желби.
О, не умеам да ја држам устата затворена,
Многу дрдорам, кевкам, за личните работи.

Препев: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото