Тројцата од Туркестан

30.11.2015 03:44
Тројцата од Туркестан

Тројца луѓе од Туркестан биле следбеници на некој фалбаџија и незнајко кој знаел само пар зборови персиски. Себеси се нарекувале негови ученици, а тој ги научил да кажат три збора. Секој научил по еден: „ние“, „не сме“ и „среќни“.

Штом го постигнале ова знаење, ништо веќе не можело да ги спречи да тргнат на пат со цел да ги посетат светите места и да се поклонат пред олтарите на мудроста.

На својот пат стигнале во Корасан и на една улица здогледале мртов човек како лежи во прашината. Тие се симнале од коњите за од поблиску да ја видат чудната глетка. Како што тоа го направиле притрчале некои минувачи и прашале:

„Кој го убил човекот?“
„Ние“, рекол првиот ученик, употребувајќи го единствениот персиски збор што го знаел.

На тоа ги врзале и ги одвеле на суд. Судијата рекол:

„Зошто се собравте околу телото?“

Вториот ученик рекол:

„Не сме.“

Тоа е лага“, рекол судијата. И тогаш прашал:

„Како се чувствувате откако го убивте човекот?“

„Среќни“, рекол третиот ученик.

„Луѓево се чудовишта!“, повикале корасанците.

Судијата прашал:

„Што е мотивот на вашиот злостор?“

„Ние не сме среќни!“, ги извикале тројцата единствените три персиски збора што ги знаеле.

„Тие се навистина непоправливи убијци“, рекол судијата и ги осудил на смртна казна.

Слика: Фарук Коксал

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото