Можности

07.12.2015 05:44
Можности

Ибн Халим го прашал својот суфи учител:
„Како имаш време да прочиташ толку многу книги?“
Тој рекол:
„Имам време за она што го читам.“
Тогаш Халим сфатил дека овој воопшто нема книги.
„Како доаѓаш до своето знаење?“
Суфи признал:
„Со телепатија.“
Халим рекол:
„Зошто тоа го криеш од своите ученици?“
Тој рекол:
„За да ги сосредоточам на кажаното, а не на оној кој вели дека го осознал она што го зборува.“
Халим тогаш рекол:
„Изгледа дека обелоденувањето на тоа ја расипува можноста на некој човек да стекне знаење. Зошто тогаш тоа мене ми го кажуваш?“
Суфи рекол:
„Твоите шанси веќе беа упропастени пред да дојдеш кај мене.“
Халим прашал:
„Има ли надеж за мене?“
„Не. Сè додека се обидуваш да ги наведеш суфистите да зборуваат со твојот јазик. Ако го користиш својот јазик ќе стануваш сè понезадоволен бидејќи го употребуваш јазикот на незадоволниот.“
„Зарем незадоволство не води кон желбата за промена?“
„Малку незадоволство не подразбира желба за промена. Премногу незадоволство, пак, ја означува неспособноста да се изврши промена.“

Слика: Корина Ступу Томас

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото