Бахаудин

05.01.2016 12:19
Бахаудин

Ардабили

Запрашан зошто никогаш никому за ништо не се заблагодарува, Ардабили рекол:
„Можеби на ова нема да му верувате, но ако на луѓето би им се заблагодарувал тие би биле задоволни до таа мера како да се платени за својот труд. Ако, пак, не им се заблагодарам с
è уште ќе постои можноста дека во иднина ќе им биде возвратено за нивната услуга ‒ и тоа возвраќање може да биде многу подобро за нив. Тоа може да се случи, на пример, во момент кога стварно ќе им биде потребно.“

Бахаудин

Му рекле на Бахаудин Накшабанд:
„Ти кажуваш приказни, но не ни ги објаснуваш.“
Тој рекол:
„Дали би ви се допаднало ако човекот од кого купувате овошје би го јадел портокалот пред ваши очи оставајќи ви ја само кората?“

Слика: Шејла Тери

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото