Три толкувања

16.12.2015 11:37
Три толкувања

Тројца дервиши кои се решиле да ја најдат Вистината, стигнале до куќата на Мир Алишер Наваија. Го замолиле да им помогне; како одговор тој ги повел во својата бавча. Подигнувајќи стап од суво дрво, одел од леа до леа и со замавите на стапот ги кинел цветовите на највисоките билки. Кога се вратиле во куќата мудрецот ги запрашал:
„Какво беше значењето на она што го направив? Кој од вас може исправно да го протолкува ќе биде примен меѓу учителите.“
Првиот дервиш рекол:
„Моето толкување на лекцијата е дека ’луѓето што замислуваат дека знаат повеќе од другите боледуваат од болката на нивелирање при учењето’.“
Вториот дервиш рекол:
„Јас твојата постапка ја сфатив како: ’работите што се убави во својата појавност можат да бидат неважни во општото’.“
Третиот дервиш рекол:
„Јас би го опишал она што го направи како укажување на тоа дека дека ’мртвата работа како што е стапот на повторуваното знаење може да го повреди живото’.“
Учителот рекол:
„Сите сте примени, оти меѓу вас знаењето е поделено. Ниеден од вас не знае сè; она што секој од вас го поседува не е целосно; но она што секој од вас го вели е сосема точно.“

Слика: El Mundo Ilustrado, Barcelona, 1880

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото