Мајли Сајрус: светот на скандалот на поп ѕвездата која расте!

04.01.2016 02:57
Мајли Сајрус

Добредојдовте во светот на скандалот на поп ѕвездата која расте!

Кој? Мајли Сајрус.

Зошто?

Бидејќи во тек е нејзината американска турнеја на која го промовира новиот албум Miley Cyrus & Her Dead Petz кој го сними со пејачот и гитарист на бендот The Flamming Lips, Вејн Коин.

Како сето тоа изгледа?

Неописливо. Фотографиите од концертите ја прикажуваат Мајли во крајно неверојатни костими, со огромен вметнат пластичен машки полов орган, како и пластични гради. Всушност тоа се глетки во кои е тешко да се поверува.


Кому тоа му е важно?

Најверојатно на родителите чии деца ја обожаваат Мајли Сајрус уште од деновите кога била детска Дизни ѕвезда во мегапопуларната серија за деца Хана Монтана. Но, во меѓувреме оваа девојка значително многу се промени...

Дали треба на децата да им се дозолува да сакаат ваков тип на поп ѕвезди?

Да, бидејќи на тој начин можат јасно да видат колку растењето може да биде тешко! Мала шега. Ми се допаѓа Мајли Сајрус бидејќи во неа гледам бескрајно забавен панкерски бунт против оковите на попот. На мојата десетгодишна ќерка ѝ е несфатливо зошто таа сака да биде толку грда. Едноставно, не разбира во што е поентата.

Во што е тогаш поентата?

Желбата на една млада жена да не игра според правилата, туку да го истражува светот околу себе, за почеток со експериментирање со психоделични дроги и музички жанрови.

Мили Сајрус имала 14 години кога почна да глуми во серијата „Хана Монтана“, на ТВ каналот Disney. Во серијата глумеше девојка која води двоен живот. Преку ден беше обична ученичка, а навечер гламурозна кантри поп ѕвезда. Серијата доживеа неверојатна популарност, а Мајли уште од мала се соочи со животот на поп ѕвезда.
Моменталната, актуелна возраст на Мајли Сајрус е 23 години.


А што знаеме за нејзиното семејство?

Ништо без семејството. И нејзиниот татко Били Реј Сајрус е голема кантри ѕвезда.


Кога Мајли заскита во погрешна насока?

Скандалот експлодира во август 2013 година, на доделувањето на видео наградите на музичкиот канал MTV. Тогаш Мајли настапи со Робин Тик, изведувајќи го неговиот хит Blured Lines, ласцивно танцувајќи, поточно тверкајќи.


Што е тоа тверкање?

Тверкањето е сугестивен танц кој потекнува од западна Африка, кој вклучува движење со задникот во близина на партнерот. Мајли толку го популаризира тој танц, што дури и во Загреб неодамна е отворена школа за тверкање.

Зошто Мајли го направи тоа?

Тоа беше дел од најавата на нејзиниот тогашен нов албум „Bangerz“, четврт по ред, кој излезе таа есен. На тој начин Мајли сакаше да покаже дека радикално раскинала со својот поранешна инкарнација на слатка поп девојка и дека во нејзиниот живот се случуваат многу нешта – момчиња, секс, дрога, домашни миленици...


Miley Cyrus and her Dead Petz

Dead Petz е албумот кој оваа есен Мајли го стави на бесплатно спуштање. Овој албум е психоделичен поп и претставува нова, луда точка на опасниот пат на процесот на растење на една поп пејачка во 21 век.

Wrecking Ball

Најголемиот хит на Мајли Сајрус од албумот Bangerz, за кој беше направен контроверзен спот на кој младата пејачка, на почетокот во долна облека, а потоа и потполно гола се лула на голема кугла која ги руши ѕидовите. Спотот го сними подеднакво (сексуално) провокативниот моден фотограф Тери Ричардсон, а глетката со Мајли на гигантската кугла стана иконична и тема на многу интерпретации и пародии. 

Извор: Globus

ОкоБоли главаВицФото