Британска улица; Сејнт Џон, Њу Брунсвик

01.03.2016 15:01

Улицава е во војна.
Најмалите деца
се тепаат со стапови
дур не потече крв
и извикуваат „еби си матер!“
како борбен крик - -

додека мајките врескаат од скалите
пред влезовите или од прозорците
изговарајќи ги имињата
на сопствените деца како пцости:

„Брајан! Марлена!
Проклети да сте!
Скапани и проклети!“,

или би доклинкале до улицата
да ги зашлапаат своите деца:
„Ќе те научам јас тебе, Брајан!
Ќе те научам, ѕрцките ќе ти ги извадам!“

На улицава
дури и кучињата
попрво меѓу себе се борат
наместо да бараат храна.

Овде живеам девет месеци
и за целото тоа време
ниеднаш немам чуено
некој понежен збор.

Се убедувам себеси
дека е тоа само зашто
нежните зборови се шепотат
а острите извикуваат.

Препев: П. В.

Оригиналната песна

Олден Ноулен (Alden Nowlan, 1933-1983), канадски поет. Освен дванаесет стихозбирки, објавил и книга раскази, автобиографски роман, книга со колумни и неколку драми. Себеси се доживувал како бескомпромисен „сведок“, а не само опишувач на мачниот живот на рабовите на западната цивилизација. Тоа сведочење, меѓутоа, е проникнато со топлина и со суптилен хумор.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото