Анатомијата на ангелите

15.03.2016 14:45

Ангелите населуваат љубовни песни. Ама самовили се
не серафими. Ангелот кој го собори
Јакова имаше жилави потколеници, влажни рунтави пазуви,
крупни слабини за да му служи на бога, новиот пријател;

беше вешта во борење. Носеше кобра
како каиш. Ама со коските незакрепени
помина неколку тегобни недели во бележење
на креветот што го делеа, со голем камен.

Препев: Ивана Галапчева

Олден Ноулен (Alden Nowlan, 1933-1983), канадски поет. Освен дванаесет стихозбирки, објавил и книга раскази, автобиографски роман, книга со колумни и неколку драми. Себеси се доживувал како бескомпромисен „сведок“, а не само опишувач на мачниот живот на рабовите на западната цивилизација. Тоа сведочење, меѓутоа, е проникнато со топлина и со суптилен хумор.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото