Маските на љубовта

03.03.2016 15:59

Се враќам од прошетка
со тебе
а тие ме прашуваат
дали врне.

Не забележав,
но ќе морам да им го дадам
вистинскиот одговор.
Инаку ќе мислат дека сум луда.

Превод: Ивана Галапчева

Оригиналната песна

Олден Ноулен (Alden Nowlan, 1933-1983), канадски поет. Освен дванаесет стихозбирки, објавил и книга раскази, автобиографски роман, книга со колумни и неколку драми. Себеси се доживувал како бескомпромисен „сведок“, а не само опишувач на мачниот живот на рабовите на западната цивилизација. Тоа сведочење, меѓутоа, е проникнато со топлина и со суптилен хумор.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото