Кај се тие сончогледи

12.04.2018 16:43

Кај се твоите сончогледи Косово
На пролетта ѝ недостасуваа јагниња
Ангелите што ги носевме на рамења
Извршија самоубиство
Додека паѓаше дожд
Кој еднаш веќе си беше дожд
Каде се тие сончогледи Косово
Болката по оние што отидоа во рај
Нè претвори во сватови од кал
Додека слободата како невеста чека
Некој да ја симне
Од Коњот на Смртта
Кај ти се Сончогледите аман Сончогледите каде исчезнаа
Стадото облаци што како митски овци пасат по небото
Не престануваат да џвакаат
Малецкото лице на ужасот кое останало од Деновите
Пред нозете на дете што се тресе
Во крвавата кошула подарена од животот

Вила Илјада недели
Chiconcuac – Cuarnevaca

Превод: П. В.

Xhevdet Bajraj(1960), роден на Косово. Поет и сценарист. Од 1999 г. живее во Мексико, со сопругата и двете деца.

Книги: Sloboda užasa, 2000, Beograd; El tamaño del dolor, 2005, Мексико Сити; Ruego albanés, 200o, Мексико Сити.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото