Доаѓа таков свет

19.09.2018 10:41

Доаѓа таков свет,
Во кој секој ќе биде сомнителен, што е убав.
И талентиран,
И којшто има карактер...
Убавината ќе биде навреда,
Талентот, провокација,
А карактерот, атентат!...

Бидејќи тие доаѓаат...
Грдите,
Неспособните,
Бескарактерните.

Со витриол ќе ја посипаат убавината.
Со катран и клевета ќе го измачкаат талентот.
Ќе го прободат срцето на карактерните.

 

Превод: П. В.

Шандор Мараи (Márai Sándor, 1900-1989) - унгарски писател и новинар. Иако напишал 42 книги, неговото дело почнало да се открива и преведува главно по неговата смрт.

Се школувал во родното Кошице, во Прешов и во Будимпешта. Јазиците му оделе, добро знаел латински, а редовно и активно се служел и со германскиот, освен со мајчиниот унгарски. Животните околности го одвеле, на подолг или на пократок период, во Швајцарија, Италија, во Париз, во САД, во Берлин каде што се запознава со Томас Ман и Теодор Адорно; пријателува со нив и во Будимпешта. Во Берлин го открива творештвото на Франц Кафка и станува негов прв преведувач на унгарски. Во Будимпешта се спријателува со уште еден унгарски книжевен бард, Д. Костољани; заедно ги посетуваат денес култните крчми и се согласуваат со ставот дека добриот уметник не треба да се меша во политиката, т.е. дека политиката може само да ги расипе писателите.

Целиот живот Мараи го поминал патувајќи. Преку патувањата се обидувал на некој начин да го балансира и незадоволството од режимот (и од фашистичкиот и од комунистичкиот) во неговата родна земја и за него истакнувал дека не дозволува слободно ни да се молчи, а камоли да се пишува.

Стар и депресивен, после смртта на сопругата и посвоениот син, се самоубил со истрел во главата во Сан Диего во 1989 година.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото